Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравени пациенти. Починати се 24 лица.
Откако на вчерашниот протест портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски Димса, дали по грешка или од возбуда, на среде протест викна на мегафон – „Да живее Зоран Заев!“, на социјалните мрежи не стигнуваат шеговитите коментари на сметка на портпаролот Арсовски.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека сè уште има „значителни разлики“ во ставовите на Брисел и Лондон и оти договорот за Брегзит нема да биде можен доколку не се решат тие разлики.
Бројот на смртни случаи од коронавирус во Турција во изминатите 24 часа достигна црн рекорд – 196 починати, соопшти денеска турското Министерство за здравство.
Дневниот број на новозаболени од коронавирусот во САД достигна рекордни 228.000, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс. Од последниот пресек починале 2.607 луѓе.
Бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво во Грција и понатаму е висок, а во изминатите 24 часа се регистрирани 98 смртни случаи, додека пак намален е бројот на новозаразрени. Rегистрирани се 1.383 нови случаи, од кои 305 се во Солун, а 260 во Атина.
Реакција на Србија на веста дека ЕУ оваа година нема да отвора нови поглавја со Белград.
Италијанската полиција заплени дрога во пакети со налепници од цртани филмови. Тројца албански државјани на возраст од 26, 39 и 45 години се уапсени во италијанскиот град Римини, откако кај нив биле пронајдени 275 килограми дрога.
Агенцијата Фич очекува хрватската економија годинава да падне за рекордни девет проценти, бидејќи вториот бран на пандемијата на коронавирусот тешко го погоди извозот на услуги и потрошувачката на домаќинствата и покрај сеопфатниот пакет мерки за поддршка во вкупна вредност од над 10 проценти од БДП.
J. Ѓ.





