ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Случајот рудник Иловица-Штука се враќа во Второстепена комисија, најавени протести на екологистите, црни ковид-рекорди во светот – во Турција 196 починати

December 5, 2020 21:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравени пациенти. Починати се 24 лица.

Откако на вчерашниот протест портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски Димса, дали по грешка или од возбуда, на среде протест викна на мегафон – „Да живее Зоран Заев!“, на социјалните мрежи не стигнуваат шеговитите коментари на сметка на портпаролот Арсовски.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека сè уште има „значителни разлики“ во ставовите на Брисел и Лондон и оти договорот за Брегзит нема да биде можен доколку не се решат тие разлики.

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Турција во изминатите 24 часа достигна црн рекорд – 196 починати, соопшти денеска турското Министерство за здравство.

Дневниот број на новозаболени од коронавирусот во САД достигна рекордни 228.000, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс. Од последниот пресек починале 2.607 луѓе.

Бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво во Грција и понатаму е висок, а во изминатите 24 часа се регистрирани 98 смртни случаи, додека пак намален е бројот на новозаразрени. Rегистрирани се 1.383 нови случаи, од кои 305 се во Солун, а 260 во Атина.

Реакција на Србија на веста дека ЕУ оваа година нема да отвора нови поглавја со Белград.

Италијанската полиција заплени дрога во пакети со налепници од цртани филмови. Тројца албански државјани на возраст од 26, 39 и 45 години се уапсени во италијанскиот град Римини, откако кај нив биле пронајдени 275 килограми дрога.

Агенцијата Фич очекува хрватската економија годинава да падне за рекордни девет проценти, бидејќи вториот бран на пандемијата на коронавирусот тешко го погоди извозот на услуги и потрошувачката на домаќинствата и покрај сеопфатниот пакет мерки за поддршка во вкупна вредност од над 10 проценти од БДП.

J. Ѓ.

Next Post

Филипче: На одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ во потсвеста им е Зоран Заев

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk