ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николов: Бесплатни заштитни маски за сите штипјани

December 7, 2020 14:44
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во време на сериозна пандемија локалната власт во Штип сите капацитети го става во функција во борбата против коронавирусот. Како доктор и лично сведочам на натчовечките напори кои ги прават моите колеги во борбата против невидливиот непријател“, изјави Сашко Николов, кандидат за градоначалник на СДСМ за предвремените локлани избори во Штип.

„Здраствените работници не можат сами, без поддршката од граѓаните и сите општествени чинители. Потребно е секој еден граѓанин доследно да ги почитува мерките за заштита , а Општина имаме обврска да создадеме услови за тоа.

Како доктор и како иден градоначалник на Штип,почитувајќи ги  моралните и етички вредности , се обврзувам да направам се јавното здравје да е ВО СИГУРНИ РАЦЕ.

Веднаш по моето стапување на функција како градоначалник на општина Штип, ќе иницирам добротворен фонд преку којшто ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за сите штипјани.

Почитувањето на мерките е исклучително важно за да се добие битката против Ковид 19 и токму затоа, како општина ќе се погрижиме на секој еден штипјанец да му биде достапна бесплатна заштитна маска.

Во овој добротворен фонд апелирам да се вклучат сите општествено одговорни компании и други донатори.

Кризниот штаб ќе продолжи  со редовна и навремена дезинфекција на сите јавни установи кои се под надлежност на општината, како и редовни состаноци и средби за координирање на сите јавни институции и ЈП кои се инволвирани борбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Преку прибирање  донации наменети за ранливите категории на граѓани, активирање на сите волонтери во делот на достава на  лекови и намирници до домовите на повозрасните и инзнемоштени лица  ќе се продлабочи и соработката со приватниот сектор  и Црвениот Крст .

Во тесна соработка со Министерството за здравство и натаму ќе вложуваме максимални напори за обезбедување на квалитетна и навремена здравствена грижа за секој кој има потреба од тоа. Ќе работиме и на подобрување на инфраструктурните услови на  Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип, итната медицинска помош кои координирано и синхронизирано работат во текот на целата пандемија.

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе продолжиме да работиме.

Пред нас стои шансата да го движиме нашиот Штип по патот на напредокот и да го развиваме онака како што посакуваат штипјани.

На 13 декември издвојте 5 минути од своето време и дадете свој придонес во развојот на Штип како модерен, европски, еколошки, безбеден град со еднакви можности за сите сограѓани, излезете на избори и заокружете го бројот 2 за Штип да биде во сигурни раце!“, изјави Николов.

Next Post

Битиќи: Владата уште во април најави дека ова ќе биде година на рецесија, остануваме на проекциите

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Би се сретнал со Ким Џонг Ун ако сака, можеби би ја продолжил турнејата

October 27, 2025

Одложени над 8.000 летови во САД поради буџетската блокада

October 27, 2025
Скриншот

Започнува судењето за онлајн вознемирување на Брижит Макрон

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk