Светската здравствена организација не предвидува дека земјите ќе воведат задолжителна вакцинација против Ковид-19, изјави денеска претставничката на СЗО Кејт О’Брајан.
– Мислам дека ниту една земја нема да има задолжителна вакцинација, – вели О’Брајан, директорка на СЗО за вакцини и биолошки производи.
– Можеби има некои земји или некои ситуации во земји каде професионалните околности го бараат тоа или силно се препорачува вакцинација, истакнува Кејт, посочувајќи дека болниците можат да бидат еден таков пример.