На последниот натпревар на фудбалскиот клуб Ливерпул кој го играше на својот Енфилд, можеше да се забележи дека капитенската лента на Џордан Хендерсон е обоена во боите од виножитото.
На официјалната страна од ФК Ливерпул, на фотографијата каде што е претставен дресот на капитенот Хендерсон и траката во бои на виножито, како поддршка на ЛГБТИ заедницата стои порака:
Заедниците се посилни кога сите се чувствуваат добредојдени
Постои силна посветеност и ангажираност кај сите, не само кај фудбалерите, туку кај сите членови од клубот Ливерпул во борбата против расизмот и за толеранција на различностите по секој основ.
Во најблискиот викенд до 2-ри август во градот Ливерпул во Англија, со парада што трае цел викенд, се одбележува ЛГБТИ културата – Liverpool Pride.
Втори август е денот кога во 2008 година починало осумнаесетгодишно момче од Ливерпул Мајкл Каузер, откако го претепале на домашна забава зашто било геј.
Одма после погребот, организиран е фонд за поддршка за семејството на Мајкл Каузер. Благодарение на тоа што непрестано пристигнувале парични средства за поддршка, се оснива „Фондацијата Мајкл Каузер“, Главна цел е поддршка на младата геј популација во северозападна Англија. Во 2010 година во Ливерпул е организирана првата официјална Парада за поддршка на ЛГБТИ заедницата, поддржана и од градските власти. Во 2013 година на Парадата на гордоста во Ливерпул учествуваат рекордни 75.000 луѓе.
Приказната за парадата на гордоста во Ливерпул не завршува само на масовната поддршка и посветеност на властите, туку продолжува и преку симболите на градот од поп-културата и од спортот.
Актуелниот Англиски шампион – фудбалскиот клуб Луверпул, за време на Парадата го бои својот клубски аблем во боите на виножитото. Постои и навивачки геј фан клуб на фудбалскиот клуб Ливерпул. „Kop Outs“. Транспарентот на „Kop Outs“ гордо стои на трибините на Енфилд рамо до рамо со сите позначајни аблеми и транспаренти од фан клубовите поддржувачи на Ливерпул.
Јане Ѓорѓиоски