Војвотката од Кембриџ, 38-годишната Кејт Мидлтон, очекува близнаци, според списанието In Touch Weekly, а веста доаѓа точно десет дена откако нејзината снаа, 39-годишната Меган Маркл, откри дека го изгубила своето второ дете во јули оваа година. Како што откри извор за споменатиот медиум, кралскиот пар Кејт и принцот Вилијам веќе им ја откриле среќната вест на остатокот од семејството.
Британскиот престолонаследник наводно бил шокиран кога дознал дека близнаците наскоро ќе пристигнат, но неименуван извор за таблоидот изјавил дека шокот набргу поминал и тој и неговата сопруга сега возбудено чекаат новите членови на семејството да им се придружат на двојката и нивните дечиња – седумгодишниот принц Џорџ, петгодишната принцеза Шарлот и тригодишниот принц Луис.
Исто така, дуото наводно стравувало од реакцијата на другите членови бидејќи семејството го потресело веста дека принцот Хари и неговата сопруга го изгубиле второто дете.
Сепак, според изворот, откако семејството дознало за четвртата бременост на Кејт и фактот дека ќе родат близнаци, парот не престанува да прима честитки, а Меган и Хари се среќни за добрата вест.