Google, го направи своето моќно видео за 2020та година. Годината кога светот престана да се движи, годината која секој од нас сака да ја заборави и да ја избрише – барем еден дел од неа.
„2020 беше годината во која се запрашавме ‘зошто?’. Додека ‘коронавирус’ беше најпребаруван термин на светско ниво, исто така повеќе отсекогаш поставувавме прашања како ‘зошто е наречен ковид-19’ и ‘зошто е важно менталното здравје?’. Пребарувавме како да си помогнеме едни на други, на пример како да ги поддржиме работниците од првите линии во борбата со КОВИД-19 или како да им помогнеме на луѓето засегнати од пожарите во Австралија или трагедијата во Бејрут. Иако многу од нас седеа дома, баравме начини да се поврземе, поддржеме и разбереме едни со други. Прашувавме ‘зошто аплаудираат луѓето?’ и ‘зошто е важна емпатијата?” – велат од Гугл