ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реакции откако Нонковиќ ја преплаши јавноста со (дез)информации за вакцините против Ковид-19

December 9, 2020 13:52
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Бојан Нонковиќ на својот Фб профил објави видео со „застрашувачки“ податоци кои наводно вакцината на Фајзер Бионтек на АстраЗенека може да ги предизвика кај луѓето. Нонковиќ читаше НУС појави од план/извештај на  Американска агенција за храна и лекови. Во несаканите дејства наведе смрт, парализа, енцефаломиалитис, напади, инфаркт, автоимуниболести, тромбоемболија, артитс, Кавасаки болест и многу други. По објавување на видеото имаше многу реакции на загрижени граѓани.

Некои граѓани исплашени од вакцината го оправдуваа и според коментарите може да се забележи дека му веруваат, па дури напишале дека нивна опција е невакцинирање, секакви теории на заговор за масовно уништување на човештвото и многу други небулози или пак факти.

Под видеото можеа да се забележат коментари од овој карактер,  а истото е многу пати споделено на социјалните мрежи :

„Ви Благодарам за информациите, нека си слушнат сега сите, не само да ме гледаат како противник (на вакцината) без образложение“

„Браво Бобан. Нас јасно ни е зошто е Коронава и од кои причини е вакцината.Но народов е уплашен и потчинет.Затоа потребно е што повеќе информации и единство за да го спречиме злото кое допрва доаѓа.“

„Сите тие документи молам скенирај и постирај ги на страната твоја да можиме да споделиме и да ги симнеме.“

По ова следуваа и контра реакции. Меѓу објавите кои масовно се споделуваа беше и онаа на Татјана Тања Новаковска, која и самата објави дека не е дел од медицинската или истражувачка фела, но напиша дека и мало истражување може да потврди дека не е баш така како што објаснува и толкува Нонковиќ.

Во продолжение целата објава:

„Почитуван г-дине Бобан Нонковик,

Нити ми е истражувачката дејност или медицина професија, но после видеово кое што повеќе од 130,000 го видоа, 3000 луѓе го споделија и над 50 го коментираа, седнав да се информирам за документот врз кој го имате изградено ставот за нус појавите на вакцинацијата против Ковид 19.

Неколку работи кои што ги осознав по само еден час истражување:

  1. Документот е официјален ПЛАН за мониторирање на безбедноста и ефективноста на Ковид19 вакцината (CBER Plans for Monitoring COVID-19 Vaccine Safety and Effectiveness)

– линк до документот: https://www.fda.gov/media/143557/download

  1. Тоа значи дека документот не е извештај или заклучок на веќе спроведен план. Доколку се прочита целиот документ се наведуваат сите методи, практики и начини на кои што CBER (Center for Biologics Evaluation and Research – Центарот за биолошко оценување и истражување) ќе ја спроведе својата проверка за безбедноста на вакцината.
  2. Драфт листата која ја споделувате е на потенцијални неповолни настани кои ќе се следат во процесот на мониторирање и евалуација на вакцините, не потврдени нус појави. Adverse effects i side effects се различни работи, adverse effects се настани кои што примателите на вакцините ги пријавуваат дека им се случиле после добивање на вакцина, за кои што не се потврдени дека причинтелот е самата вакцина, side effects – потврдени нус појави од вакцинација. Објаснување за разликата помеѓу едното и другото https://www.cdc.gov/…/vacsafe-vaers-color-office.pdf
  3. Во документот не се спомнува ни еден производител на вакцина, баш поради тоа што не е намената на истиот да ги евалуира, туку само да наведе низ кој процес сите што сакаат FDA одобрување ќе треба да поминат.
  4. Со ова не заземам конечен став за или против Ковид19 вакцината, но само сакам да ја потенцирам важноста на тоа да ги носиме своите ставови со проверка на информациите и изворите на истите, наместо да веруваме на индивидуални интерпретации“. – напиша Новаковска.

Поранешниот пратеник Павле Богоевски дури и се пошегува на оваа тема.

„Мој поранешен колега од Собранието, вчера ми покажа доверлив документ во кој пишува дека новите вакцини против Covid ги имаат следните несакани дејства: Улцеративен стоматитис, влошување на колитис и Кронова болест, перфорација или крварење на гастроинтестиналниот тракт (понекогаш и со смртна последица), неспецифични алергиски реакции и анафилактичка реакција, реакции на респираторниот систем, Steven-Jonson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, леукопенија, тромбоцитопенија, неутропенија, депресија, конфузија, халуцинации, оптички невритис, асептичен менингитис, пореметување на вид, слух, пореметување на функција на црн дроб, хепатитис, жолтица.

Се шегувам, друштво. Ова се само дел од несаканите дејства кои може да се појават при употреба на Ibuprufen, лек кој може да се набави во која било аптека без рецепт. Ако ви се наоѓа по дома, прочитајте го упатството за употреба.

Сите лекови имаат несакани дејства кои може да се појават кај дел од популацијата. Но за воопшто да бидат пуштени во употреба, тој процент мора да е доволно мал за бенефитите на целата популација да бидат многу поголеми од ризикот кој постои од несаканите дејства.

Затоа, мора многу да внимаваме на бројните дезинформации. Вакцината против Covid19 на долг рок може да биде вистински успешнa само доколку ja примат доволен број од нас за да постигнеме колективен имунитет.

Настрана фактот што ефектите за кои вчера предупреди експертот Нонковиќ не се веќе утврдени можни несакани дејства, туку појави кои треба да се следат дали воопшто ќе се случат, напиша Богоевски.

И. З.
Next Post

Секое справување со корупцијата и криминалот побрзо ќе нé доближи до Европа од сто акти на согласност од драгиот ни сосед

НАЈНОВО

Калас: Со 19-от пакет санкции ја лишуваме Русија од можности за финансирање на војната во Украина

October 23, 2025

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025
Фото: МИА

Задржување на „Табановце“ до 40 минути, на „Блаце“ до 30 минути

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk