Гушкањето во време на пандемија е нешто што сите го заборавивме , но кога оваа „забрана“ трае со месеци, луѓето стануваат креативни, и иновативни и смислуваат најразлични начини како да ги допрат своите сакани и како да ги почувствуваат.
Сетилото за допир е едно од најважните кај човекот – па мора да признаеме дека на сите ни недостасува гушкањето и сите би го направиле истово.
Па така и овој Канаѓанец ја развил својата креативност и измислил „ракавица за прегратка“ за да ги прегрне своите сакани среде пандемијата Ковид-19.