ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Северна Македонија ги спроведува највисоките стандарди во борбата со насилниот екстремизам и тероризмот и во ресоцијализацијата на терористичките борци повратници

December 9, 2020 21:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на настанот на кој се презентираше Националниот план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства, истакна дека борбата против тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам и заштитата на националната безбедност и безбедноста на сите граѓани на нашата земја се во врвот на приоритетите на Владата.

-Република Северна Македонија, како член на Глобалната коалиција за борба против ИСИС и со потпишаните меѓународни договори, декларации и конвенции, како Заедничкиот Акциски план на ЕУ за борба против тероризам на земјите од Западен Балкан, работи во партнерство со нашите меѓународни пријатели на заштита на националната и регионална безбедност, како и на унапредување на човековите права и слободи на сите нејзини граѓани, вклучувајќи ги и лицата кои станаа следбеници на радикални идеологии, одлучија да ја напуштат државата и заминаа да се борат на страната на Исламската држава на боиштата во Сирија и Ирак, рече Заев.

Со формирањето на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам и усвојувањето на Националните стратегии за  спречување на насилен екстремизам и за борба против тероризам, како што кажа, Северна Македонија отворено ја демонстрираше заложбата за применување на таканаречениот широк владин и општествен пристап во борбата со насилниот екстремизам и тероризмот, во справувањето овие безбедносни феномени, вклучително и со феноменот на странските борци.

-Владата феноменот на странски терористички борци – повратници го третира согласно меѓународните правни стандарди. Воспоставени практики и договори за законско, но во исто време и хумано постапување со оваа категорија на лица. Задоволни сме како нашите институции досега се справуваа со феноменот на странските борци бидејќи истите беа соодветно правно процесуирани низ кривично-правниот систем и се соочија со предвидените затворски казни согласно нашиот правен систем, рече премиерот во обраќањето. /МИА/

Next Post

Битиќи: Падот на економијата во нашата земја во споредба со земјите од регионот покажува дека сме на средина

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk