ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европратениците со поддршка до Османи: Билатералните спорови немаат место во преговарачкиот процес со ЕУ

December 10, 2020 17:56
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, одржа дебата со европратениците од Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент (ЕП) попладнево. Со исклучок на двајца бугарски пратеници од десницата, пораката на ЕП е јасна – билатералните спорови немаат место во преговарачкиот процес со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Десеттина европратеници заземаа збор за еден час дебата со македонскиот министер за надворешни работи попладнево на виртуелна сесија на парламентарната комисија, со силни зборови на поддршка и разочарување за блокадата од страна на Бугарија за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија.

Хрватскиот пратеник, Тонино Пицула, порача дека непринципиелните блокади за билатерални прашања се „добро познати“ во Хрватска, алудирајќи на словенечката блокада за време на преговорите на Хрватска со ЕУ и побара „овој модел да биде спречен“. Пицула, кој беше известувач на Европскиот парламент за Загрепскиот самит порача дека неговата поддршка за Северна Македонија не се доведува во прашање и потсети дека Бугарија мора да дозволи одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на овој месец.

Силна поддршка изрази и грчкиот европратеник од Сириза, Стелиос Кулоглу, кој побара да се стави крај на „историските зомби“ на Балканот и порача дека Европскиот парламент е на страна на Северна Македонија.

-Преспанскиот договор побара големи напори од двете страни, и Грција и Северна Македонија, двете земји со лидерство успеаја да го надминат национализмот, но сега повторно се појавува национализмот со ова вето како зомби од гробот на балканските војни, рече Кулоглу, додавајќи дека бугарското вето е штетно за целиот регион, вклучително и Албанија и Грција.

Грчкиот пратеник рече оти е „неприфатливо е една земја членка да го користи својот статус против земја кандидат за да си ги решава билатералните односи, во 21 век и во време кога имаме други проблеми како пандемијата, социјалната правда, безбедноста и демократијата“.

Слична осуда за бугарското вето пристигна и од групата на Зелените преку холандската пратеничка, Тинеке Стрик.

-Навистина се надевам дека земјите членки ќе почнат да ги почитуваат официјалните критериуми наместо да ја злоупотребуваат својата позицијата за билатерални спорови кои немаат никаква поврзаност со пристапниот процес, ова би било многу лош преседан ако биде прифатен, во прашање е кредибилитетот на ЕУ, рече Стрик.

За пратеничката е јасно дека Северна Македонија ги исполнува официјалните критериуми за почеток на преговорите со ЕУ и дека земјата направи сериозен реформски напредок, но тој мора да биде одржан и подобрен посебно во делот на слободата на медиумите, основните права и демократските институции.

Претставникот на Европската народна партија, ЕПП, од Бугарија, европратеникот Александар Јорданов, и неговиот колега од бугарското ВМРО, беа единствени кои го поддржаа бугарското вето.

-Има Македонци кои се чувствуваат како Бугари и ова мора да биде познато, вие морате да престанете со комунистичката интерпретација на историјата, дали ги сменивте историските учебници?, праша Јорданов и порача дека Северна Македонија ќе ја добие поддршката на Бугарија кога ќе го имплементира Договорот за пријателство.

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, со помирувачки тон повтори дека властите во земјата ги негуваат добрососедските односи, како што тоа го докажала преку носење тешки одлуки рече тој, и смета дека Договорот за пријателство е најдобрата основа за понатаму со Софија.

-Договорот за пријателство со Бугарија е формула за успех, споровите се емоционални и со емоции е тешко да се постигне рационален пристап, посебно во предизборен период, објасни Османи, истакнувајќи дека за само осумнаесет месеци остварени се 11 средби на заедничката интердисциплинарна комисија и постигнат е договор за два историски периоди и пет историски фигури.

Османи исто така потврди дека Северна Македонија не се откажува од проевропскиот пат и покрај фрустрациите и разочарувањата и дека ќе продолжи да работи на реформите за да биде подготвена денот кога ќе биде дадено зелено светло од страна на Советот на ЕУ. За Северна Македонија, рече тој, нема друга алтернатива освен ЕУ.

-Интересно е дека сепак ние ја живееме таа алтернатива повеќе од десет години и ќе ја живееме веројатно уште една декада додека ЕУ не биде подготвена да прими нови земји членки, ние треба да најдеме внатрешна сила, а за тоа Европскиот парламент се покажа како партнер од вредност, рече министерот Османи.

Тој ги увери пратениците дека Северна Македонија држи до односите со Бугарија и сака да ги негува, но дека тие мора да се развиваат со заемна почит. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Попладневен преглед: Борисов - С.Македонија сама решава на кој јазик зборува, никој не го барал тоа од вас, Мицкоски со автосугестивна изјава: Јас сум единствениот што стои на браникот на криминалот...

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
ВИ

Кина претстави електромагнетен топ способен да лансира проектили со брзина од 7 маха

August 4, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

МНРиНТ: ДКП во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот Д.Ч. со цел пренесување на телото во земјава

August 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Што скандирате бе луѓе, што премолчувате?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави електромагнетен топ способен да лансира проектили со брзина од 7 маха

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk