ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

December 10, 2020 15:41
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО, склучила договор со компанијата како најдобар понудувач, избран на меѓународен тендер. Во моментов во тек се подготовките на теренските активности, а санацијата на малата депонија се очекува да трае и до три години, пренесува „Мета.мк“.

„Грчката компанија ќе има обврска да ја исчисти малата депонија, а инсектицидот ќе се третира надвор од државата. Започнат е и процесот на одобрување на деталниот план за ремедијација и обезбедување на потребната документација за отпочнување со работа на терен“, информираат од Министерството.

Од Министерството засега не посочуваат кога точно ќе започне чистењето на опасната хемикалија, а наскоро треба да се знае и која технологија ќе биде користена, од што ќе зависат и роковите за завршување на активностите. Финансиските средства се обезбедени преку ГЕФ/УНИДО, Владата на Македонија и Норвешката Влада.

Линданот е инсектицид со широк спектар на дејствување со кој во минатото се третирала почвата и дрвјата како заштита од паразити, сè додека пред повеќе од 40 години не бил забранет заради неговата токсичност. Тој е канцерогена супстанца, се сврзува со ПМ-10 честичките и го загадува воздухот, а заради несоодветното чување во изминатите децении, масовно ја загадувал почвата и подземните води.

Во дворот на ОХИС, покрај малата, се наоѓа и голема депонија во кои се претпоставува дека има над 13.000 тони линдан, покриен со 20.000 тони земја, која досега е целосно контаминирана и самата претставува опасен отпад, кој се развејува со ветерот низ околината и претставува голема опасност по човековото здравје. Покрај нив од неодамна се познати уште две жаришта со оваа токсична хемикалија, кои се последица на работењето на хемискиот капацитет. Третата депонија со линдан е во дворот на ОХИС, додека, пак последната е закопана во близина на локалитетот „Пеленица“ кај Драчево. Од Министерството посочуваат дека активно работат на обезбедување на средства за расчистување на сите опасности кои демнат од оваа историска еколошка жешка точка.

„На крајот на 2018 и во текот на минатата година Владата посвети внимание на обезбедување на одржлив извор на финансирање за целосно чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС. За таа цел беше формиран посебен фонд во соработка со Норвешката амбасада. По отстранувањето на контаминираниот материјал во малата депонија, ќе се продолжи со чистењето на останатиот контаминиран дел токму со користење на средствата од тој фонд. Во овој процес на мобилизирање на средства се вклучи и ЕУ која изрази подготвеност да помогне со свои фондови кои би ги ставила на располагање во текот на 2021-2023“, посочуваат од Министерството.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Борисов: С.Македонија сама решава на кој јазик зборува, никој не го барал тоа од вас, особено не јас

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тејлор Свифт за љубовта, новиот албум и животот надвор од сцената

October 7, 2025

Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од СЕПА, плаќањата кон ЕУ поевтини и за граѓаните и бизнисот

October 7, 2025

На 10 октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk