САД го забележа највисокото ниво на смртност за еден ден од почетокот на пандемијата во средата, само две недели по празникот – Денот на благодарноста кога здравствените експерти ги предупредија Американците да не патуваат или да се собираат.
Според тракерот на Универзитетот Џон Хопкинс, регистрирани се 3.124 смртни случаи, и идентификувани се дополнителни 221.276 нови случаи. Тоа е прв пат САД да забележат повеќе од 3.000 смртни случаи во еден ден.
Тешката и голема бројка доаѓа во време кога американскиот здравствен систем е под голем притисок. Хоспитализациите од Ковид исто така биле рекордни во средата, дури 106 000 луѓе биле хоспитализирани – пишува Гардиан.