ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Уметничкиот совет на фестивалот „Актерот на Европа“ одржа онлајн-комеморација за Благој Стефановски-Баге

December 10, 2020 15:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Уметничкиот совет на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, во кој членуваат истакнати театарски дејци од Балканот, Европа и светот, одржа онлајн-комеморативна седница посветена на животот и делото на Благој Баге Стефановски (1953-2020), поранешен министер за култура, кој долг период беше директор на Битолскиот театар и  беше еден од основачите и долгогодишен селектор на овој фестивал.

Ректорот на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ Јордан Плевнеш му посвети беседа  „Последното патување на Баге Стефановски во земјата Театрофилија“ во која го нарече „еден од најголемите градители на театарски мостови на Балканот во Европа и во светот“.

– Неговото име ќе биде запишано како продуцент на рекорден број претстави што никој досега не ги направил ни пред него ни по него. Неговата животна и творечка кариера се одвиваше во земјата без граници – Театрофилија, вели Плевнеш во беседата.

Тој се сеќава на придонесот на Стефановски во иницијативата за создавање на фестиалот „Актерот на Европа“ во 2003 година, кога при официјална посета на Париз како министер за култура го посетил театарот „Комеди Франсез“ и се сретнал со неговиот тогашен директор, француски актер Марсел Бозоне.

– Тие денови Европскиот парламент го прогласи Преспанското Езеро за меѓуграничен европски парк  во самата „Комеди Франсез“. Во разговор со Марсел Бозоне и митскиот лик на француската литература Жак Лакариер, му предложивме на министерот Стефановски да се формира иницијативен одбор за првиот Интернационален театарски фестивал – „Актерот на Европа“, кој ќе ја вреднува индивидуалната театарска биографија како врвен критеруим на европската цивилизација, се сеќава Плевнеш за почетоците на овој фестивал на кој оттогаш во Преспа, како што вели, дојдоа плејада европски актерски ѕвезди.

По петнаесет години по средбата на Стефановски и Бозоне во Париз, лично Баге му ја врачи наградата за животно дело „Актерот на Европа 2017“ на Марсел Бозоне на бреговите на Преспанското Езеро, а истата вечер, додава Плевнеш во беседата,  Баге го доби признанито „Големата повелба – Балканот е срцето на Европа“.

По повод смртта на Стефановски, поранешниот министер за култура на Романија Јон Карамитру, прв министер во таа земја по падот на Чаушеску и претседател на Академија „Балканика Еуропеана“, рече дека во историјата на Балканот досега не се појавил таков градител којшто преку меѓународната театарска асоцијација НЕТА, по крвавите војни во бивша Југославија обедини 66 театари од целиот Балкански Полуостров.

Благој Стефановски-Баге почина пред една недела на 67-годишна возраст. Тој беше  министер за култура, во еден мандат пратеник и долги години директор на Народниот театар-Битола.

Стефановски остави богата професионална кариера поврзана со културниот живот во Битола  и државата, успеси со Битолскиот театар, успешно менаџирање на фестивалите „Охридско лето“, „Војдан Черондрински“ и „Ристо Шишков“, како и репрезентативно учество во асоцијацијата НЕТА.

Добитник е на голем број признанија и награди, а последната беше од Општина Битола кога минатата година ја доби Наградата за животно дело.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од октомври ја зголемуваат минималната плата на 500 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk