ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Објавена книгата „Сновење“ од Лада Шоптрајанова Петровска

December 10, 2020 15:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од печат излезе книгата „Сновење“ (музички приказни) од авторката Лада Шоптрајанова Петровска. Книгата е објавена во едицијата „Виртус“ на издавачката куќа „Или-Или“ од Скопје.

Како што соопшто изадавачот, „Сновење“ е збирка од 52 приказни во кои авторката на префинет и читлив начин ни ги раскажува приказните за најголемите создавачи во музиката (Моцарт, Верди, Пучини, Дебиси, Бетовен, Сибелиус, Чајковски, Рахманинов, Шостакович), за нејзините со-создавачи, изведувачи, кои биле или не биле наши современици (Паганини, Калас), сè до приказните за нам временски блиските (Пјацола, Коен и Шпато).

– Во секоја „приказна“ има приказна – има делче од нечиј живот, што го препознаваме како наш. Токму тоа давање живот на познатите и многупати преслушувани музички дела е тоа што ги прави овие редови посебни. Во современата униформираност, површност, забрзаност и избрзаност, во трката со времето и заборавањето на себе, Шоптрајанова Петровска нè поттикнува да си дадеме малку време за себе, да си погледнеме во срцата, да си го чуеме сопственото срце и да се препознаеме во величественоста на музиката за која пишува, напиша Славица Бабамова.

– Ракописот на Лада Шоптрајанова Петровска е пребогат и како книжевен и како музички поттекст. Како материјал, како краткотрајно задоволство напоено со знаење и компетенција. Повлекува врски и со филмот (конкретно во записите за Пучини и Моцарт), со ликовната уметност (Алма Малер – Густав Малер – Оскар Кокошка – Климт)… Шоптрајанова Петровска музичките дела ги ситуира во широко сензибилни контексти и тоа директно резултира со читливост, висока приемчивост на текстот, напиша македонската писателка и критичарка Оливера Ќорвезироска.

Лада Шоптрајанова Петровска е родена во 1972 година во Скопје. Основно училиште завршила во Скопје, а образованието го комплетирала на ФМУ во 1994 година. По образование и професија е виолинистка, а дополнително, по вокација – филигранистка и екологистка. Од 1993 година е надворешен соработник во Македонската филхармонија, а од 1995 до 2019 година нејзин редовно вработен член. Од 2017 до 2020 година соработува со весникот „Нова Македонија“, во кој еднаш седмично има своја рубрика насловена како „Музички приказни“.

Next Post

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

Shortcut

Најново

Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk