ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Везенков: Историчарите назначени од бугарската влада не можат да даваат упатства како да се размислува, зборува и пишува за минатото во Македонија

December 10, 2020 08:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Блокадата од Бугарија веќе повеќе од две седмици е една од најактуелните теми во земјава. Бугарскиот историчар Александар Везенков, во интервју за МКД.МК вели дека историчарите назначени од бугарската влада не можат да даваат упатства како да се размислува, зборува и пишува за минатото во Македонија. Везенков еден од 35-те интелектуалци од Бугарија, потписници на писмото против Меморандумот испратено до ЕУ. Има долгогодишно искуство во истражување на историските аспекти од поновата историја на Балканот во 19 и 20 век, на историјата на реформите во Отоманската Империја во 19 век и на институционалната историја на комунистичките режими.

„Ветото од Бугарија нормално дека е разочарувачко за Македонија. Истото тоа вето беше и е разочарувачко и за многу луѓе во Бугарија, од кои дел еве јавно го критикуваме начинот на однесувањето на нашата влада. Главната работа е дека не треба да се мешаме во Македонија. Во реалноста самата наша држава има интерес соседните земји да бидат интегрирани во ЕУ. Се разбира, немаме никаков интерес да им создаваме потешкотии на нашите соседи и да ги „свртуваме“ против нас. Инаку, не само како историчар, туку и како граѓанин, ме загрижува тоа што владата е толку емотивно „фатена“ за прашања од пред повеќе од 100 дури и илјада години, до степен што поради тоа се влошија односите меѓу нашите две земји“, вели Везенков за актуелниот спор и новонастанатите односи меѓу двете земји, додавајќи:

„Апсурдно е да се поставуваат барања поврзани со интерпретацијата на минатото во меѓусебните односи. Оттука, споровите што се оправдани и оние што не се, треба да се предмет (проблем) на дискусија меѓу експертите. Тука мислам на слободните академски дискусии што се водат одамна, а не на дипломатските преговори. Јас верувам дека секое општество самото бара начин за подобро разбирање на своето минато. Историчарите назначени од бугарската влада не можат да даваат упатства како да се размислува, зборува и пишува за минатото во Македонија.“

Јазикот и идентитетот на Македонците се „спорни“ за актуелната бугарска влада. Каков е Вашиот став по ова прашање?

– Многу експерти го дадоа своето мислење за ова прашање и се чини дека се согласуваат дека причината за ова негирање на јазикот и идентитетот од страна на Бугарија е во ставот за националниот идентитет како нешто вечно и непроменливо. Не само официјална Софија, туку и поголем број на луѓе во Бугарија, како и многу интелектуалци, некако сè уште не можат да разберат дека веќе подолго време Македонците имаат свој национален идентитет, што не е нешто суштински различно од националниот идентитет на другите народи. Не можат да разберат дека Македонците имаат свој литературен јазик и дека ова е нешто сосема нормално. Повеќето луѓе во Бугарија се чини дека ја имаат на ум мапата на Балканот од крајот на 19 или почетокот на 20 век, кога не постоеше ниту држава Македонија, ниту стандардизиран македонски јазик. Соодветно на тоа, тие сметаат дека македонската нација и јазик се предоцна направени и во исто време се „вештачки“ креации.

Токму тоа размислување за националниот идентитет како нешто непроменливо мора секогаш да се има предвид за да се разбере длабоката внатрешна противречност во позициите на официјална Софија, која од една страна наведува дека се признаваат „денешните реалности“ (македонски национален идентитет и македонски јазик), но инсистира македонската страна да ја признае „историската вистина“ (дека македонскиот национален идентитет и јазик не постоеле во далечното минато, дека разни водечки фигури во Македонија се сметале себеси за Бугари и го нарекувале нивниот јазик „бугарски“).

Да го тргнеме настрана фактот дека постоењето на нација или јазик не треба да биде „признаено“ од друга држава. Приврзаниците на оваа политика ви Бугарија мислат дека ако се донесе бугарската верзија на минатото, денешниот македонски национален идентитет и јазик ќе бидат дискредитирани. Еве, јас го оставам настрана и фактот дека бугарската верзија на минатото има свои сериозни слабости. Најважното нешто што треба да се разбере во Бугарија е дека сите нации се модерен феномен и сите литературни јазици се плод на стандардизацијата; фактот дека некои се порано, а други подоцна не е клучен во овој момент. Затоа, докажувањето на која било „историска вистина“ за минатото на Македонија не може да ја доведе во прашање денешната реалност.

Има ли простор за заедничко чествување на одредени празници и значајни личности од историјата? Како Вие гледате на заедничката историја?

– Многу зависи од тоа што подразбираме под поимот „заедничка историја“, како и под повнимателно „заеднички споделената историја“. Бидејќи има многу „заедничко“ и „заеднички споделено“ во историјата на Бугарија и Македонија, многу работи се споделуваат со другите народи во регионот, но има и големи разлики. Доста суштински се тезите што се различни по времето кога се формира и консолидира националниот идентитет – скоро век и половина, нашите народи живеат во различни земји, под различни услови. Од 1878 година наваму, Бугарија се развива како типична една нација држава . Денешна Македонија останува подолго во Отоманската Империја, и што е уште поважно, зад себе има споделена историја со другите народи од поранешна Југославија, и тоа е многу важно.

Што се однесува на заедничкото славење на празниците и хероите, мислам дека ова не е најважно. Вистина е дека има многу настани и личности што се почитуваат во двете земји и би било добро да не беа повод за полемика, туку за разбирање. Сепак, и заедничките прослави не треба да се одржуваат под притисок на бугарската страна. Во исто време, сепак, треба поотворено да разговараме за голем број трауматски прашања, како што се оние поврзани со Втората светска војна. Дијалогот е поважен од прославите.

Како ја оценувате работата на мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија во изминатава година? Има ли напредок во нивната работа?

– Во принцип, оваа комисија е формирана на начин што не дозволува да се постигнат посебни резултати, барем што се однесува до областа на науката. Прво, комисијата не е „мешана“ во вистинската смисла на зборот: ова се два преговарачки тима што треба да ги бранат веќе утврдените ставови на секоја од земјите. Спротивно на ова, во науката не сме поделени на „македонски“, „бугарски“ и други историчари, но се обидуваме, или барем мора да се обидеме, да бидеме непристрасни.

Целото интервју на МКД.МК.

Next Post

Граѓаните ги менуваат навиките за плаќање, почесто користат платежни картички

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk