Во Турција во изминатите 24 часа од последици од новиот коронавирус починаа 220 луѓе, соопшти денеска турското Министерство за здравство. Тоа е пораст во споредба со претходниот ден, кога починаа 217 луѓе.
Од почетокот на пандемијата во Турција од последици од Ковид-19 вкупно починаа 15.751 човек.
Бројот на новозаразени за еден ден е зголемен за 30.424, со што вкупниот број изнесува 955.766.
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 81 смртен и 1.534 нови случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 3.370 смртни случаи од Ковид-19 и 121.253 заразени лица.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис утре напладне ќе ги соопштат мерките за божиќните и новогодишните празници.
Ј. Ѓ.