Барбара Виндзор, позната по своите улоги во филмовите „ИстЕндерс“ и „Продолжи“, почина на 83-годишна возраст, објави нејзиниот сопруг, а пренесува Гардијан.
Скот Мичел во својата изјавата рече: „Со длабока тага можам да потврдам дека мојата драга сопруга Барбара почина во 20 часот и 35 минути во четвртокот на 10 декември во лондонска куќа. Нејзиното заминување беше предизвикано од Алцхајмерова болест / деменција и Барбара на крајот почина мирно, а јас ги поминав последните седум дена покрај неа. Јас, нејзиното семејство и пријателите ќе ја паметат Барбара како личност полна со љубов, насмевка и огромна приврзаност за семејството. Таа во нашите животи донесе светлина и пријателство како и забава која несебично ја делеше со други за време на нејзината кариера. Последните недели на Барбара беа типични за тоа како го живееше својот живот. Полн со хумор, драма и борбен дух до крај” – додаде нејзиниот сопруг.
Инаку Барбара освен како актерка, во својот долгогодишен живот била позната и како активист и хуман човек кој што помагал на сите. Таа беше назначена за Женски командант на Орденот на британската империја (ДБЕ) за време на Новогодишните почести во 2016 година за заслуги во добротворни цели и забава на граѓните преку своите уметнички остварувања како во театар така и во филм.