Видео прилог со Џабир Дерала за Иницијативата на ЦИВИЛ „Обединети во различноста“:
Колку и да се слаткоречиви, колку и да се кријат зад своите академски, политички или социјални позиции, титули и статуси, националистите се и ќе останат обични измамници и насилници. Предрасудите и омразата ги откриваат несигурноста и неспособноста тие да се соочат со реалноста, да изградат сегашност за себе и за другите, да изградат иднина за идните генерации, за поколенијата што доаѓаат.
Различноста е богатство и предност во секоја смисла на зборот. Различноста е богатство во секое место, во секое време, во секоја ситуација во животот.
Човековите права и слободи, еднаквоста – им припаѓаат на сите подеднакво, на секој човек, само затоа што се родил како човек. Еднаквоста не може никој да ја даде, не може никој ни да ја одземе.
Ако сте го пропуштиле вчерашниот ден, не значи дека не можете да станете подобри луѓе, да ја почитувате различноста кај другите, од денеска! Од сега!