Заврши гласањето на 12 – те ковид болни и лица кои се во изолација, а кои се пријавија да го остварат своето право на глас за избор на градоначалник на Општина Штип.
Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева вели дека двата медицински избирачки одбори до 14 часот биле на терен и на 12 – те пријавени лица им овозможија да го остварат своето право на глас. Гласањето поминало без проблеми.
Ванчо Берков, претседател на медицинскиот иозбирачки одбор вели дека посетиле осумина граѓани, а при гласањето се почитувале сите здравствени протоколи, членовите на одборот ги посетил со заштитна опрема, скафандери, визири, маски и се што е потребно за нивна заштита.
Протоколите за гласање се исти како и на предвремените Паралманетарни избори. Малиот интерес за денешното гласање е затоа што поголем од заразените деновиве излегле од изолација, во рок од пет дена оздравени се над 160 граѓани.
Во Штип вкупниот број на гласачи е 41.777, а за да бидат успешни изборите на 13 декември треба да гласаат една третина од запишаните избирачи или своето право на глас да го остварат 13.996 граѓани.
Андреева вели дека доколку не се исполни цензусот, во тој случај повторно ќе треба да се распишуваат избори за градоначалник на Штип. Утре е и гласањето на 133 болните и немоќни, како и на осудениците и на лицата кои се во геријатриски домови. На 13 декември 77 те избирачки места се отвараат во 7, а се затвараат во 19 часот.