Одзивот на гласачи за предвремените избори за градоначалник до 18 и 30 попладне во Општина Штип изнесува 34,40 % или 14 328 гласачи излегле да го дадат својот глас, додека во Општина Пласница гласале гласале 1959 гласачи односно 39.54% од избирачите со право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
До овој момент до ДИК, соопштуваат оттаму, не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.
Деталните информации во однос на излезеноста на гласање , како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето можат да бидат следени на веб страницатаwww.lokalni2020.sec.
Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.
Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година. На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачите од четири села може да гласаат на девет избирачки места.