ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кој е новиот штипски градоначалник Сашко Николов – интервентниот кардиолог чии раце спасиле многу животи

December 14, 2020 12:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Д-р Сашко Николов, новоизбраниот градоначалник на Штип, неколку месеци беше дел од новиот собраниски состав, од редовите на владеачката СДСМ. Со освоени над 80, 31 % од гласовите на вчерашните вонредни локални избори во Штип, ќе го предводи градот под мотото „Во сигурни раце“.

Роден е на 30 јули 1980 година во Штип. По националност е Влав. Високо образование завршил на
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Универзитет „Гоце Делчев“.

Откако неговиот претходник Благоја Бочварски ја презеде функцијата министер за транспорт и врски, Николов беше првиот избор на СДСМ за кандидат на Штип.

Николов меѓу штипјани е познат интервентен кардиолог, основач на Одделот за коронографија и интервентна кардиологија во болницата во Штип.

Д-р Сашко Николов е млад и квалитетен интервентен кардиолог од Штипската Клиничка болница, кој пред 4 години се префрлил од приватна институција во оваа болница, со цел да допринесе повеќе за развојот на интервентната кардиологија и да понуди дополнителни услуги коишто биле недостапни за пациентите од овој регион. Благодарен за одличната соработка со Министерство за здравство, Клиничката болница Штип овозможува непрекината, константна и професионална на највисоко ниво работа за одржување на кардиоваскуларното здравје на пациентите. Работата му претставува задоволство и секојдневно уживање, кое е клучно за успешна работа во секоја професија.

Тој во 2014 година дојде во оваа болница од приватна институција, со цел да придонесе повеќе за развојот на интервентната кардиологија за да се понудат услуги кои беа недостапни за пациентите од Источна Македонија.

Николов со неговиот тим работи интервентна кардиологија и стентирање на сите крвни садови од нозете до вратните артерии. На овој начин се овозможи комплетно покривање на сите пациенти со кардиоваскуларни заболувања.

Николов е познат и по спортскиот дух. Игра кошарка, а порано бил и успешен каратист.

„Некогаш многу одамна му бев карате тренер во КК Македонка, Штип. Беше одличен воин, сега е одличен интервентен кардиолог“, напиша своевремено неговиот тренер по карате Стојанче Ангелов.

Додека беше пратеник Николов изјави дека ќе продолжи да оперира. Во вчерашната изјава, по победата, Николов изјави дека Штип останува во сигурни раце и дека се заложува да работи за доброто на штипјани.

И.З.

Next Post

Заев апелира да се воздржиме од навреди и провокации во однос на Бугарија

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk