ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев апелира да се воздржиме од навреди и провокации во однос на Бугарија

December 14, 2020 12:45
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на омраза за жал е подигнат од двете страни. Апелирам до сите, ние сме прво добар и кроток народ и сме пријатели, прво до нашите граѓаните должност ни е да градиме пријателства и заради сегашните и заради идните генерации, порача денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата има истражување и одговор за говор на омраза во бугарските медиуми.

Тој апелираше и до граѓаните на, како што рече, пријателска Бугарија, да се воздржуваат од какви било провокации заради тоа што навистина никому не носат добро.

– Секако ние како одговорни политичари и најодговорните во овој дел почнувајќи од претседателот на државата, претседателот на Парламентот и пратениците, јас како претседател на Владата, нашите министри, постојано работиме на отклонување, демотивирање и конкретни активности за спречување на говор на омраза, не единствено заради тоа што чекаме од Бугарија да го тргне ветото, туку тоа не е добро за нашиот народ. Ние сакаме низ пријателство да развиваме инвентивност, идеи, нови инвестиции, наши во Бугарија и бугарски овде, кои ќе отвораат работни места, ќе ги покачуваат платите, ќе овозможат средношколски турнири во сите спортови, каде ќе се пренесува знаењето и меѓусебното разбирање и поддршка. Тоа ни треба, тоа е еворпскиот пат, а ние знаеме дека друг пат не постои, дециден е претседателот на Владата.

На новинарско прашање дали Владата ќе реагира до Бугарија и до ЕУ, на изјавите од високи претставници во бугарската Влада како што се дека „од македонската страна во историскиот тим се однесуваат како магариња на мост“ и дека „македонизмот е психичко пореметување“, Заев одговори дека секогаш реагираме и ќе продолжиме да реагираме. Реакцијата е јавна, транспарентна, медиумска заради тоа што се дава преку изјави, подвлече, а не на некој друг начин.

– Ова е навреда и ги повредува нашите чувства нормално. Секако остануваме на апелот да се воздржуваме од провокации и навреди заради тоа што навистина тоа не носи никаде. Тоа не носи повторно во изолација едни со други, во непријателства и слично. 21 век сме, борбата во светот е на друг план, на четврта индустриска револуција, технолошки развој и навистина како еворпски политичари, како политичари кои градиме пријателство, мораме да ги користитме зборовите на пријателство и да зборуваме европски заради тоа што верувам дека огромно мнозинство од Бугарија, а кај нас сум сигурен дека е тоа така, имаме желба целиот Балкан да биде во ЕУ, а сите ние здружени на Балканот да бидеме покомпетативни, да бидеме поединствени, да отвораме нови пазари, нови можнсоти, нови работни мести, нови инвестици, што на крајот ќе значат живот на сите, истакна премиерот Заев.

Next Post

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 826 пациенти, слободни кревети има

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk