ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

КЗБ ќе расправа дали се потребни нови рестриктивни мерки, подготовките за вакцинација во тек

December 14, 2020 07:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести  денеска се очекува да расправа дали за празниците ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки и промени во однос на работата на угостителските објекти со цел да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид-19.

Независната угостителска комора (НУК) вчера сооопшти дека доставила официјално барање до Комисијата за заразни болести за учество на работниот состанок.

– Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавените рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи и овозможи пред истите да ги достави до Владата и да ги објави да ни овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија, туку и за сите граѓани на нашата држава, велат од НУК.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот,  како и дека има слободни кревети.

– Во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во Штип 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 12 во Кичево 10, Кавадарци 55,  во  Гевгелија 21 лице, а во Дебар 10 позитивни  и суспектни на корона вирусот.

Од вкупниот број на болнички кревети во ковид центрите низ државата од Министерството за здравство, посочија дека 200 болнички кревети се слободни. Додека во ковид центрите во главниот град заклучно со вчерашниот ден се лекуват 491 лице, сомнителни и позитивни на Ковид-19.

Според статистиката на Министерството за здравство што беше објавена синоќа за претходното деноноќие, од вкупно 1837 тестирања се регистрирани 613 нови случаи на Ковид-19,  оздралеве 668 оздравени пациенти и 25 починати.

Најголемиот број на новозаразени се во Скопје, вкупно 204 лица, по што следат Кавадарци со 38,  Куманово-35, Тетово-29, Прилеп и Охрид со по 27, Гостивар и Велес по 24, Битола-23, Штип-20,Гевгелија и Струга по 19. По 15 новозаразени има во Неготино и во Свети Николе, 12 во Берово, 11 во Кочани и во Кичево, девет во Струмица, по осум во Крива Паланка и Радовиш, седум во Ресен, четири во Делчево, три во Пробиштип, по два во Валандово и Македонски брод, по еден во пехчево и Виница.

Во меѓувреме здравствените власти ги продолжија подготовките за вакцинацијата против вирусот, а министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓaните дека вакцините против коронавирусот се безбедни, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата. Информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број вакцини за да се вакцинира 60 до 70 проценти од населението, колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.
-Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите, истакна Филипче.

Тој вчера посети дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината против Ковид-19.

– Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до минус 20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините, информираше Министерството за здравство најавувајќи дека операторите ќе ги снабди со фрижидери до минус 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари.
Вакцинацијата ќе се врши во веќе постоечките вакцинални пунктовите односно во здравствените установи низ државата. Сите вакцини за Ковид-19 се безбедни и ќе бидат бесплати за граѓаните,  истакнаа од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103. /МИА/.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Неуспехот со уставните амандмани – ја протресе удобноста на Мицкоски!

May 14, 2025

Предлог законот за Судскиот совет објавен на ЕНЕР, треба да биде донесен до јуни годинава

May 14, 2025

Тричковски стави крај на својата играчка кариера

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk