МВР информира дека денеска во 14:50 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи на улица „Страшо Пинџур“ бб го привеле Г.Е. (43) од Тетово.
Тој се барал со меѓународна потерница од 2008 година од Основен суд Тетово, за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци затвор во врска со член 123 став 1 од Кривичниот законик.