ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дискусија на „Истиномер“: Борбата за вистината е тешка, но мора да се истрае

December 15, 2020 09:53
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата на ковид-19, освен што донесе нови големи проблеми за човештвото, донесе нов огромен предизвик за проверувачите на факти, со изобилството дезинформации за новиот корона вирус и болеста што ја предизвикува: ковид-19.

Потребата на граѓаните, посебно во некои балкански земји, да ги добијат вистинските информации, беше занемарена од страна на оние кои беа должни да ги изнесат, односно властите. Сепак, колку и да е тешка, работата на проверувачите на факти и борците против дезинформациите е и извор на задоволство, поради фактот дека тие помагаат да се даде вистинската информација на луѓето и да се сузбијат бројните лаги кои не само што може да го нарушат здравјето, туку и да доведат до смртни последици.

Тоа е генералниот заклучок од дискусијата што денеска по повод својот 11-ти роденден ја организираше српски „Истиномер“, пренесува „Мета.мк“.

На дискусијата модерирана од новинарот на „Истиномер“, Синиша Дедеиќ за предизвиците во борбата против дезинформации говореа Весна Радојевиќ, уредник и новинар на „Раскрикавање“ од Србија; Милијана Рогач, новинар на „Истиномер“ од Србија, Ана Бракус, новинар на „Фактограф“ од Хрватска, Филип Стојановски, директор за партнерство и развој на ресурси во Фондацијата „Метаморфозис“ од Северна Македонија, организација – основач на сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и на онлајн ресурсниот центар CriThink.mk, како и Даниел Функе, новинар на еден од најголемите светски сервиси за проверка на факти „Политфакт“ од САД.

Претставувајќи ги темите со кои главно нивните сајтови се занимавале годинава, а во кои убедливо над сè предничи пандемијата и сите дезинформации поврзани со неa,  претставниците на „Истиномер“, „Вистиномер“ и „Фактограф“ зборуваа и за соработката со Фејсбук на неговата платформа за сузбивање против дезинформациите, согласувајќи се дека искуствата и во Србија и во Северна Македонија и во Хрватска се речиси исти – навреди, закани, прогласување за издајници.

„Оценките и од политичарите чии изјави ги оценуваме и од ширачите на дезинформации чии постови ги означуваме како неточни е иста – велат: Вие сте предавници, платеници, работите за друга земја, а и ним и на граѓаните за тоа време додека се посветени на вакцините, 5Г технологијата, наводните начини на лекување, под радар им поминуваат битните работи, како загадениот воздух, излевањето отпадни води во Дунав, масовното снимање и нарушување на приватноста во Белград… Но, тие теории на завера и лекови им се одредени „пакетчиња“ на некаква смисла, работи кои им се разбирливи…. Затоа, во денешно време, кога вистината е обезвреднет поим, читателот станува евтина работна сила, евтин клик на некои што така сакаат да печалат“, рече Милијана Рогач од „Истиномер“.

На прашањето на модераторот на дискусијата што се одржа онлајн, преку платформата Zoom, како да се истрае во поплавата на дезинформации, сите учесници порачаа дека кога човек ќе се определи за вистината и за помагање на луѓето да ја дознаат и да си помогнат себеси, никој напор не е претежок.

„Ние во основа се бориме против едно средновековно размислување, работиме еден период на просветителство, собираме емпириски информации и користиме некои методи за да провериме дали работите што се кажуваат се точни, и сметам дека во поглед на вистината мора да продолжиме да се залагаме за вистината“, порача Филип Стојановски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk