ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Анкета: 35 проценти од населението на Западен Балкан веруваат дека Бил Гејтс го користи вирусот за да спроведе вакцинација со чипови

December 15, 2020 10:04
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Осумдесет отсто од населенито на Западен Балкан верува во теории на заговор кога станува збор за новиот коронавирус, а најголемиот број „жртви“ на такви теории кои кружат на интернет се во Албанија, покажува истражувањето спроведено од Атлантскиот совет на Вашингтон и Советодавната група за јавна политика „Балкан во Европа”, пренесува МИА.

Во Албанија, 65 проценти од испитаниците веруваат дека вирусот е создаден во Кина, а 58 проценти веруваат дека излегол од лабораторија во Вухан.

Во Србија, 41,5 проценти од испитаниците веруваат во теоријата на заговор, додека во Албанија тој процент е речиси 20 проценти поголем – 59,4 проценти.

Србите најмалку веруваат во теоријата дека Кинезите го направиле вирусот – 35 проценти односно – 39 проценти од Србите веруваат дека вирусот излегол од лабораторијата во Вухан.

Дури 86,1 процент од косовските Срби веруваат дека Бил Гејтс создал вакцина за да ги „чипира“ луѓето, додека 93,7 проценти од нив сметаат дека фармацевтската индустрија играла клучна улога во создавањето и размножувањето на вирусот.

Слично е и со другите малцински етнички групи, како што се Албанците, Србите и Бошњаците во Црна Гора, како и Албанците во Северна Македонија, кои веруваат многу повеќе во теориите на заговор отколку етничките мнозински групи во тие земји.

Теориите на заговор се значително распространети кај евроскептиците отколку кај оние кои се залагаат за европска интеграција – 60,6 проценти од противниците на членството во ЕУ имаат силни ставови во прилог на некои теории на заговор, наспроти 48,9 проценти од испитаниците кои се европоддржувачи.

Кога станува збор за примање вакцини, 53,4 проценти од испитаниците во Западен Балкан не би примиле вакцина, додека само 39,2 проценти би биле „веројатно“ или „сигурно“ вакцинирани.

Најголемата поделба во општествата во регионот во однос на приемот на вакцини има во Црна Гора, каде само 44,8 проценти би примиле вакцина.

На Западен Балкан, 55 проценти од испитаниците веруваат дека вакцината е направена од кинеската влада во лабораторија, 56 проценти веруваат дека фармацевтската индустрија е вклучена во ширењето на коронавирусот, 28 проценти веруваат дека постои врска помеѓу 5G технологијата и коронавирусот, а скоро 33 проценти веруваат војска го развила вирусот како биолошко оружје, додека 35 проценти веруваат дека Бил Гејтс го користи вирусот за да спроведе вакцинација со чипови за да ги следи луѓето.

Гледано по земја и територија поединечно, над 60 проценти од Албанците во Албанија веруваат дека кинеската влада го направила вирусот во лабораторија, што е најподдржаната теорија на заговор во таа земја, а над 55 проценти во БиХ веруваат дека фармацевтската индустрија е вклучена во ширењето на вирусот.

Во Косово, 58 проценти од граѓаните веруваат дека кинеската влада го создала вирусот,  во Црна Гора повеќето од нив – 58 проценти сметаат дека фармацевтската индустрија е вклучена во ширењето, во Северна Македонија 52 проценти сметаат дека фармацевтската индустрија е одговорна за ширењето. Во Србија – нешто над 50 отсто се со таков став.

Најголем процент на испитаници кои нема да бидат вакцинирани против вирусот има во Северна Македонија – повеќе од 40 проценти, додека најголем процент на оние кои ќе бидат вакцинирани се изјасниле во Црна Гора – 22 проценти.

Во Србија околу 33 проценти рекле дека нема да бидат вакцинирани, додека 20 проценти се оние кои ќе бидат вакцинирани, како и оние кои најверојатно ќе бидат вакцинирани.

Во истражувањето се наведува дека Западен Балкан претставува плодна почва за теории на заговор, а како причина се наведени слабите институции и недовербата во нив.

Истражувањето беше спроведено во октомври во Србија, Албанија, Северна Македонија, БиХ, Црна Гора и Косово и во него учествуваа околу илјада испитаници постари од 18 години преку телефонски и онлајн анкети.

Next Post

Политички аналфабети

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk