ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: По шест порази од граѓаните Мицкоски никако да ја научи лекцијата (ВИДЕО)

December 15, 2020 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– И по шест порази, Христијан Мицкоски никако да ја научи лекцијата. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ во континуитет од 2017 години губи на сите избори и упорно продолжува со деструктивните политики кои се на штета на граѓаните, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

Таа ги нагласи политичките порази кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги нанижа на неколку различни избори.

„Мицкоски како носител на листата на Град Скопје на локалните избори во 2017 година беше поразен.

Беше поразен и една година подоцна на референдумот во 2018 кога граѓаните одлучија да го поддржат Договорот со Грција и кажаа ДА за членство во НАТО и ЕУ.

Неговата кандидатка загуби на претседателските избори во 2019 а истата година Мицкоски беше поразен и на предвремените локалните избори во Охрид и Ново Село.

Пред само 5 месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори, а пред само два дена поразени беа нивните блокади и опструкции во Штип.

Поразите на Мицкоски продолжија и во Собранието на Република Северна Македонија кога се гласаа уставните измени, како и кога се гласаше и за Законот на Јавното обвинителство.

Мицкоски никако да извлече поука и упорно, одново и одново продолжува со опасните политики – не застанува на страната на граѓаните, на страната на државата и прави сè европскиот пат да не успее и тоа само заради една единствена цел – да ја зачува фотелјата во белата палата.

Со погубните политики на Мицкоски, тој и ВМРО ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција.

Граѓаните бираат стабилна иднина, довербата им ја даваат на одговорни политичари кои носат храбри одлуки и јасно кажуваат НЕ за лаги, манипулации, деструкции, опасност и нестабилност.

Мицкоски е сам и изолиран во сопствените лаги, во сопствените деструкции.“, истакна Кузеска на денешната прес конференција.

 

Next Post

Обвиненија за деветмина за проневера на 9 милиони евра, првообвинет е екс директорот на Поштенска банка

Shortcut

Најново

Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk