Ми претставува огромна чест и најмногу од сè, мотивација што сум одбран од Интернационалната стопанска комора од Холандија за добитник на наградата за интегритет за 2020 година, напиша на Фејсбук и Твитер, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски на Фејсбук.
„Признанието го посветувам на сите Вас кои ми помагате во сиот овој период во кој почнуваме една многу чесна, храбра и патриотска битка за поставување нови стандарди, воведување нови мерки и практики во борбата против корупцијата, појава која не влече надоле со децении.
Битката е заедничка, приклучете се, помогнете, од секој еден човек зависи кој ќе излезе како победник. Да бидеме тоа ние. Да ја победиме корупцијата заедно“, напиша Николовски.







