ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Заев најави лидерска, Мицкоски повторно калкулира, „Политички аналфабети“, пишува Орданоски, Грција од првaта пратка на вакцини дел ќе одвои и за нас

December 15, 2020 12:03
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Мицкоски иако бараше итна лидерска средба сепак калкулира со процедурални забелешки и изговори околу негово учество. Овој пат имал забелешка ако средбата ја повика претседателот Пендаровски.

Министерството за здравство преговара по три механзими да набави по 800 000 вакцини против Ковид 19, а веќе во петокот Грција потврдила дека дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Атина ќе и даде на нашата земја, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Премиерот Заев, претседаваше со Националниот инвестициски комитет. На средбата подвлече дека Економскиот и инвестицискиот план е од големо значење, а дополнително како земја стекнавме огромно искуство со користење на средства преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

ФРОНТ: Повторно сме сведоци – којзнае кој пат по ред – на уште една погрешна калкулација на ВМРО-ДПМНЕ: врз основа на бугарското евро-вето за Македонија, се обидуваат да направат политички профит за себе! Политички аналфабети, пишува Сашо Орданоски.

Премиерот Заев даде отчет за сработеното за сто дена Влада, при што, меѓу другото, се осврна на материјалната помош дадена за граѓаните и стопанството за време на ковид-кризата, новите инвестиции во земјата, адаптацијата на образованието и неселективното владеење на правото, со ветување за борба за заштита на животната средина, одржување на попис и оддамна најавуваната просечна плата во висина од 34.000 евра, како и 20.000 денари минимална плата.

Осумдесет отсто од населенито на Западен Балкан верува во теории на заговор кога станува збор за новиот коронавирус. 35 проценти од населението на Западен Балкан веруваат дека Бил Гејтс го користи вирусот за да спроведе вакцинација со чипови.

Дискусија на „Истиномер“: Борбата за вистината е тешка, но мора да се истрае. Колку и да е тешка, работата на проверувачите на факти и борците против дезинформациите е и извор на задоволство, поради фактот дека тие помагаат да се даде вистинската информација на луѓето и да се сузбијат бројните лаги кои не само што може да го нарушат здравјето, туку и да доведат до смртни последици.

Откако електорите од Калифорнија синоќа ги дадоа нивните 55 гласа за поранешниот потпретседател, Џо Бајден, тогаш тој и официјално беше прогласен за победник на изборите. Конгресот ќе го потврди гласањето на колеџот на електори на 6 јануари, а две недели подоцна, на инаугурацијата, Бајден ќе даде заклетва како 46-ти претседател на САД. 

Постапката за одобрување на вакцина против коронавирусот во Европската унија не може да се одвива побрзо, но одлука би можела да се донесе пред 29 декември, изјави Емер Кук, директорка на Европската агенција за лекови

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честита победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, откако Бајден победи на гласањето на Електорскиот колеџ кое официјално го одредува претседателот на САД, соопшти Кремљ.

Next Post

Санкционирани 561 граѓани за неносење маски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk