Мерките вклучуваат забрана за работење на угостителските објекти по 18 часот, забрана за организирање на предновогодишни прослави, како и прослави за Нова година, забрана за собири на отворен или затворен простор, верски собири за време на Божиќните празници, и истите ќе траат од 18 овој месец па се до 20 јануари на полноќ.
„Мерките се однесуваат на ограничување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање предновогодишни и новогодишни забави на отворен и затворен простор, а имаме и јасни препораки до верските заедници, до работните организации, до општините и до рестораните во хотелските објекти. Мерката се нарекува „Празнувај одговорно“ a целта е заштита од ковид-19 во предвечерието на вакцинацијата“, порача Заев.