Еден од најпознатите фудбалери на светот, 35-годишниот Кристијано Роналдо и неговата деветгодишна помлада свршеница Георгина Родригез не го кријат луксузот во кој се „капат“ секој ден. Од пространа вила, автомобил, до најмалите детали – сè е скапо. Такви се модните комбинации со кои Георгина сака да се фали на социјалните мрежи, каде често објавува свои фотографии. Овој пат, таа позираше гола покрај елката, но вниманието го ‘украдоа’ модните додатоци за кои просечна девојка треба да работи – неколку месеци.
‘Сакањето себе си е почеток на љубовна приказна која нема крај’, напиша Георгина во описот на фотографиите на кои позира во облеката од црвена тантела покрај украсената новогодишна елка. Сепак, на многумина им го привлекоа вниманието луксузните детали со потписот на брендот Луј Витон. Гeoгина носи влечки со логото на споменатата марка, чија цена на официјалната веб-страница е дури 73.773 илјади денари.