ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Запленети 100 килограми марихуана, тројца приведени

December 16, 2020 12:47
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал .СВР Велес и СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по добиени оперативни сознанија односно претходно спроведена истрага во врска со камион во кој пред околу еден месец се транспортирала марихуана, а излетал на патот Скопје-Велес, запленија околу 100 килограми марихуана и приведоа три лица, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираа од МВР, на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“ од страна на полициски службеници биле преземени мерки и активности да се запре возило „бмв“ со скопски регистерски ознаки управувано од Ј.Б., а како сопатник бил неговиот брат С.Б. од село Горно Блаце, но возачот не застанал и се обидел да избега, при што оштетил полициско возило и срушил метален столб на Јавното претпријатије за државни патишта.

– По дополнително преземени мерки, возилото е запрено и при тоа се лишени од слобода двете лица, а при извршениот преглед во возилото и во багажниот се пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана. Исто така, приведен е и М.И. од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“. При претрес во домот на Ј.Б. е пронајдена една полуавтоматска пушка, за што исто така ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 396 од КЗ. Истрагата продолжува и се проширува и во координација со Основно Јавно обвинителството-Велес преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на инволвираност на други лица во вршење на кривичното дело, додадоа од Министерството.

/МИА/

МИА

12:02 PM (41 minutes ago)

 to me

 

МИА ХРОНИКА

 

Поведена истрага против скопјанец за недозволена трговија со марихуана

 

Скопје, 16 декември 2020 (МИА) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска ЈО, на 14 декември во попладневните часови, во близина на основно училиште во Шуто Оризари, осомничениот неовластено заради продажба држел 91,05 грама марихуана.

Дрогата, спакувана во бела најлонска кеса, му била пронајдена и одземена при личен преглед.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото

Next Post

Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во МСУ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk