„Постојат определени разочарувања кај граѓаните и тие се оправдани во оваа фаза. Неносењето на одлука за почеток на преговори го нарушува и кредибилитетот на самата Европска Унија. Пораките кои се испраќаат од Брисел кон државите кои се аспиранти не се добри, а Македонија е позитивен пример на Балканот, и ако најдобриот во регионот не може да се приклучи од непринципиелни причини, како да очекувакме дека некогаш ќе се договорат Србија и Косово,или како ќе се надмине внатрешната ситуација во Босна, па и Црна Гора. Кредибилитетот на самата институција се руши. Кога вакви одлуки се носеле и порано, рејтингот на ЕУ се менувал, имала поддршка и до 90 отсто кај нас и затоа сакам да верувам дека сепак мнозинството граѓани сме за ЕУ, затоа што нашата држава нема алтернатива.“- изјави во вчерашното издание на магазинот Клик плус, советник за надворешна политика во Владата Едмонд Адеми, и дополни дека граѓаните и понатаму ги почитуваат европските вредности.
„Ние како држава, како општество, како граѓани ги почитуваме европските вредности, оечкуваме и ЕУ да ги цени и почитува нашите различности, нашиот идентитет, нашиот јазик, култура… ЕУ не е само трговски пазар, туку е сплет на многу важни компоненти“, рече Адеми.