ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Гасот го замени мазутот како енергенс во 28 установи

December 18, 2020 10:18
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во 28 објекти – градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти, сменети се системите за греење, ни одговори Владата на нашите прашања, по прозивките од повеќе страни дека не сторила доволно за заштита на животната средина во изминатата година.

Од Владата велат дека не заборавиле на ветувањата дека мазутот во државните установи ќе биде заменет со поеколошки начини на греење.За таа намена биле потрошени 37,4 милиони денари.

Од Министерство за здравство информираат дека е гасифициран целиот Клинички центар „Мајка Тереза“, потоа ГОБ „8 Септември“, поликлиниката „Железарница“ во Скопје, болницата по гинекологија и акушерство во Чаир. Оваа грејна сезона овие установи ја почнаа со комплетно нов систем на загревање со течен гас.

Се најавува гасификација во текот на 2021 година на болниците во Битола, Тетово и во Куманово преку фондот на Европската Унија. Иако најавено уште лани, уште не е завршено гасифицирањето на болницата во Струмица.

Екологистите од „О2“ неодамна ја прозваа Владата дека не прави ништо за реализација на ветувањето од програма за борба против аерозагадувањето во која, меѓу другото стои дека „до 2024 ниту една државна институција нема да се грее со стари и нееколошки системи за греење и дека нема ништо од најавеното намалување на загадувањето на воздухот за 50 проценти“.

Во поглед на другите делови од Планот за чист воздух, велат од Влада, се работело и на измени законската регулатива, без притоа да се прецизира на кои закони мислат и дека биле зголемени казните за прекршоци во животната средина и бројот на инспекциски контроли.

Меѓутоа, поранешната пратеничка на ДОМ и коалициски партнер на сегашната владејачка коалиција, Лилјана Поповска, минатата недела обвини дека се кочи донесувањето закон за индустриски емисии, со што се штитат најголемите загадувачи.

Државниот инспекторат, за животна средина, пак, на чело со новата директорка Ана Петровска за само два месеца откако е на функција, реализираше десетици вонредни инспекциски надзори, кои пронашле многубројни неправилности во повеќе индустриски објекти како во кочански „Пејпер Мил“, во „Макстил“, како и во Клиничкиот центар во Скопје, за што биле определени и казни.

Соларни панели и во затворите

МВР во септември почна со монтажа на соларни системи за греење вода на сите објекти во Полицискиот центар Ѓорче Петров, со вредност од околу 3,5 милиони денари.

Со 18.700 евра донации од граѓани и 40.747 евра од Владата била реконструирана полициската станица во Жеровјане со поеколошки материјали, а реновирани се и одделенија и правната зграда во затворите во Идризово и во Тетово, село Волковија.

КПУ затвор „Скопје“ се подготвува целосна гасификација, а во истата установа се инсталирани соларни панели за загревање вода. Соларни панели се инсталирани и во затворите во Тетово, Битола, Штип, Гевгелија, Струмица, Охрид, Куманово и во КПД „Идризово“. Во текот на овој месец се менуваат прозорците со енергетско ефикасни во КПУ „Тетово“ и КПД „Струга“, информираат од “слободенпечат.мк”

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина новинарот Владимир Лапе

June 17, 2025

Моралната одговорност не се мери на избори

June 17, 2025
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk