ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Искршен порцеланот во кабинетот на г-жа Захариева

December 18, 2020 10:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Нашиот напор да отвориме преговори за зачленување во ЕУ станува драма што не можеше сосема да се предвиди. Бугарската влада, според сите евро-атлантски реакции (речиси без значаен исклучок) толку ја оплеска не само заради ветото кон Македонија (а и Албанија), туку уште повеќе и заради недоделканите „историски“ причини за тоа вето, што во Брисел вчера се случи европски преседан: Чешка и Словачка – во заедничко соопштение на нивните министри за надворешни работи! – го спречија донесувањето на Заклучоците на Советот за проширување, предложени само ден порано.

Острината на таа заедничка чешко-словачка изјава ретко се чита во некој документ во Брисел: „после внимателно разгледување“ на предложениот текст, двајцата министри директно соопштуваат дека „не сме во состојба“ да се согласиме со предлогот; текстот содржи „елементи“, вклучувајќи го и „значењето на фалсификувањето на историјата“, што ќе предизвика „погубен ефект“ врз европската стратегија за проширување, со потенцијални „понатамошни компликации“ на тој пат; преговарачката рамка треба „што поскоро“ да биде усвоена, а барањата (на Бугарија) можат да се „акомодираат“ без натамошни „темелни импликации на пристапот на Унијата“.

Потоа следува онаа епохална позиција дека „нема да дозволиме Унијата да биде судија на нашата (чешко-словачка) споделена историја, како се идентификуваме себеси или каков јазик користиме“, што треба да се решава билатерално, вон процесите на ЕУ.

На крајот, двајцата министри заклучуваат дека се „длабоко разочарани“ заради блокирањето на Северна Македонија и Албанија, со неодобрувањето на рамката за преговори со ЕУ.

Хууух! Вчера мора да се разлетал на парчиња рускиот порцелан во кабинетот на госпожа Захариева! Ваква шлаканица не паметам дека некој во ЕУ некому му ја влепил, на отворена сцена, па и за многу поголеми меѓусебни недоразбирања во современата историја на Унијата.

Но, работата за Софија е полоша дури и отколку што изгледа на прв поглед: ваков демарш не се прави без, најверојатна, „заднинска“ поддршка на европски и (!) воневропски фактори, кои од пристојност овде не би ги именувале. Тие фактори имаат гумени ѓонови, нема да ги слушнете како „клепетаат“ по ходниците, пред да стане предоцна.

Пораката до „администрацијата“ на Борисов е непријатна, јасна, а и гласна: Претеравте!

Бугарија и инаку ја потцени цврстината и регионалната „вжлебеност“ на позицијата на македонската држава со она што е постигнато – со голем евро-атлантски влог! – во последните 3-4 години. Во Софија навистина ли не разбираат колку се тие постигнувања необични и прогресивни за Балканот, или мислат дека е тоа само македонски, домашен, некаков локален успех?! И дека Каракачанов е политичкиот формат кому ќе му се дозволи, туку-така, пазарџиски, националистички да интервенира во некои темелни евро-атлантски интереси на Балканот?

Се разбира, оваа чешко-словачка интервенција, во последен момент, враќа нешто од кредибилитетот на ЕУ на Балканот, иако на Македонија не ѝ одговара меѓународната бламажа на нашиот источен сосед. Ние за тоа не сме виновни, напротив, но Бугарија нема како од ова да не излезе со фрустрации што ќе се рефлектираат врз нашите билатерални односи. А имаа прекрасна можност за заедничка прослава на почетокот на нашите преговори.

Ќе се игра оваа игра уште долго време. Но, како што наликува, багерот (од мојата вчерашна колумна) е запален. Довиждане во 2021 година.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, пазарот на производи за деца е на работ на колапс

May 14, 2025
Генерирано со ВИ

(ФОТО) Шимпанзата користат растенија за лекување на рани

May 14, 2025

Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари…

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk