ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓународен ден на мигрантите – над 272 милиони раселени во светот

December 18, 2020 09:32
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тажна реалност е дека во последните години се случија миграциски движења и раселувања во светот предизвикани од настани кои со себе донесоа големи страдања и трауми, како и загуба на човечки животи. Само во 2019 година бројот на меѓународни мигранти се искачи на 272 милиони, што претставува 3,5% од светската популација, а 74% се на работоспособна возраст (20-64 години), наведува Меѓународната организација за миграции при Обединетите Нации, по повод 18 декември – Mеѓународниот ден на мигрантите.

– Оваа година бевме сведоци како пандемијата на КОВИД-19 влијаеше на светот, значително ограничувајќи ја меѓународната мобилност. Пандемијата на КОВИД-19 значително влијаеше и на животот на мигрантите. Некои мигранти се вратија во нивните земји на потекло поради глобалните рестрикции и се соочуваат со тешкотии при реинтеграцијата на пазарот на трудот. Многу сезонски мигранти исто така не беа во можност да работат поради ограничувањата за патување. Консеквентната загуба на дознаките од странство, заради КОВИД-19, има катастрофално влијание врз животот и благосостојбата на безброј мигранти и нивните семејства во многу земји во светот. Меѓународните извештаи укажуваат на фактот дека во многу наврати, мигрантите немале пристап до здравствена заштита и информации за превенција од КОВИД-19. Случаи на ксенофобија, дискриминација и стигматизација се пријавени во многу земји, а дискриминацијата преовладувaла кога за мигрантите постела стигмата дека се носители на вирусот. Ова е случај, исто така и со мигрантите кои се вратиле во нивните земји на потекло, кои биле стигматизирани бидејќи се сметало дека го носат вирусот со себе, истакнуваат од Меѓународната организација за миграции – Агенција за миграции на Обединетите Нации.

По повод Меѓународниот ден на мигрантите, генералниот директор на Меѓународната организација за миграции,Антонио Виторино, порача дека „човековите права не се ‘заработуваат’ поради тоа што сте херој или жртва, туку тие се право на секој, без оглед на потеклото, возраста, полот и статусот“.

– Потребна е поддршка и заштита на мигрантите за да може тие целосно да придонесат кон нивното и нашето закрепнување. Како што вакцините стануваат достапни, на мигрантите, без оглед на нивниот статус, ќе мора да им се обезбеди правичен пристап. Глобалниот одговор кон КОВИД-19 претставува можност повторно да стане реална човечката мобилност, да се спроведе визијата за Глобалниот договор за безбедна, уредна и регуларна миграција и да се создадат просперитетни, здрави и отпорни заедници. Ние, сите заедно, можеме да го оствариме тоа“, вели Виторино.

Mеѓународен ден на мигрантите се одбележува на овој ден бидејќи на 18 декември 1990 година, Генерално собрание на Обединетите нации ја усвои Меѓународната конвенција за заштита на правата на работниците-мигранти и членовите на нивните семејства.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

June 15, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Парадата – прослава или диктаторско однесување на Трамп?

June 15, 2025
Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: Дебар Маало со нов лик – добива два паркинга, парк, шеталиште и нова општинска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk