ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Податоци, знаење, мудрост… Еднорог!

Во „нормалниот свет“ нема лидери на парламентарни партии што се означени, со име и презиме, како извори на дезинформации. За разлика од „нормалниот свет“, нашево општество е „богато“ со приучени фолиранти на кои идоли им се криминалци, убијци и диктатори

December 18, 2020 11:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Да ви раскажам едно стрипче што го објавија Научниците за ЕУ на својата Фејсбук страница. Првата табла од стрипот носи наслов „Податоци“ и на неа има десетина расфрлени кругчиња. На втората, „Информации“, некои кругчиња се обоени во сива, а некои во зелена боја. На третата, „Знаење“, кругчињата со различни бои (информации) се меѓусебно поврзани во одредена схема. Четвртата е со наслов „Разбирање“, каде што две кругчиња на различни страни светат. На петтата табла, со наслов „Мудрост“, се гледа патека од светлина која ги поврзува двете најсветли точки. Шестата носи наслов „Теорија на заговор“, а кругчињата се поврзани во еднорог.

Интересно е да се види и дискусијата која се развива под тој пост со 8.300 реакции, 5.300 споделувања и 280 коментари. Дискусија за милина. Ниедна пцовка, ниту еден навредлив збор, иако може да се прочитаат дијаметрално спротивставени мислења и ставови, вклучително и на приврзаниците на теориите на заговор. И многу духовити досетки, меѓу кои може да се издвојат и неколку Шкотланѓани кои „малку“ излегуваат од темата, но се шегуваат колку на сметка на Брегзитот, толку и на своја сметка.

Во еден коментар се прави аналогија на стрипчето, па вели: Знаење е кога се знае дека Франкенштајн не е чудовиштето, но мудрост е кога се знае дека самиот Франкенштајн е, всушност, чудовиште. Или: Знаење е кога знаете дека патлиџанот е овошје, но мудрост е кога не го ставате во овошна салата. Забележав и дека профилите што коментираат се реални луѓе, со име и презиме.

Можете да прочитате и коментари за тоа дека коронавирусот не постои, дека цртачите на стрипот всушност ја нацртале шемата на 5Г на таблата кај мудроста, па и низа други наивни и помалку наивни промашувања на темата или „бунтовнички“ и антинаучни ставови. И пак читам – нема непристојности, нема злоба и груби дисквалификации. Нема бесилки, стрелање, колење, палење… Нема „мамето предавничко“ и слични за нас веќе толку секојдневни и вообичаени изрази.

Не е ни чудо. Во „нормалниот свет“ нема лидери на парламентарни партии што се означени, со име и презиме, како извори на дезинформации. За разлика од „нормалниот свет“, нашево општество е „богато“ со приучени фолиранти на кои идоли им се криминалци, убијци и диктатори. Не се маргиналци, туку „еминентни“ политичари, групирани во разбојнички гнезда (радикални политички партии). Своето влијание, а често и доминација во јавниот дискурс, го остваруваат благодарение на политичката, медиумската и буквалната неписменост. На последно место ја ставаат својата функција и работни обврски во парламентот или на универзитет. Да, некои од нив се и професори на универзитет!

Наместо да си ја работат работата, локалните бандити во политиката се занимаваат со црна пропаганда, ширење дезинформации и повикуваат на ликвидации и политичко или етничко насилство. На прво место секогаш им е личната корист и потребата да си ги лечат своите комплекси и фрустрации. На последно место им се фактите (под нозе им се), а на прво место им се лагите и омразата. Ограничени, злобни и алчни, тие седат на страна од сите национални и светски текови, ги бројат украдените пари и коваат планови како да украдат повеќе. И ја контаминираат јавноста со своите добро платени пропагатори во медиумите и со инсталациите на стратешки места во системот. За нив, најдобро е сите да веруваат во еднорогот во стрипот опишан на почетокот од овој текст.

Не дека вакви политичари нема и во „нормалниот свет“, но погледнете каде се. Некои од нив се лидери на групи кои може да се соберат во некоја средно голема крчма. Некои се во затвор. Некои се во институции за ментално здравје. В ред, мора да се забележи дека во некои посткомунистички земји, кои се протнаа и низ ситото на ЕУ, има и такви што се на власт. Но сосема извесно е дека патеката на нивното владеење завршува со соочување со правдата. Кога – тогаш. Освен ако во хибридната војна не победат диктаторите на Истокот. Тогаш филмските дистопии ќе станат реалност.

Нивното оружје се лагите и омразата со кои внесуваат поделби, страв и несигурност меѓу луѓето. Не е наивно тоа што го прават. Но одговорот, иако задоцнет поради конформизмот на елитите и многуте лицемери и трговци со души, пристигнува. Тој одговор е поткован со наука, со факти и со цврсти убедувања дека иднината им припаѓа на луѓето со отворени очи и бистра глава.

Борбата продолжува. За некои тоа е борба против Ковид-19, а за некои е борба против 5Г и „глобалните заговори“. Верувам дека постои лек за сé.

ПС. Еднорог е митско суштество кое се среќава во древните култури од југоисточна Азија до Античка Грција, а во Средниот Век се протега до северноевропските кралства, а е чест мотив и во сликарството на Ренесансата. Се појавува и во продукцијата на Волт Дизни и други познати филмски продукции. И во стрипот на „Научниците за ЕУ“. Го има и на тезгите и рафтовите за играчки насекаде во светот.


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сириските граѓани го прославија укинувањето на американските санкции

May 14, 2025

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 29 луѓе

May 14, 2025

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во морскиот дел кај грчките острови Касос и Родос

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk