Прекината свадбена веселба во Врапчиште, приведен организаторот.
Денеска (18.12.2020) околу 15.40 часот полициски службеници од СВР Тетово-
ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.З. (56) од с. Врапчиште, гостиварско,
пред чија куќа била организирана свадбена веселба, на која присуствувале
триесетина лица. А.З. е задржан во Полициска станица Гостивар и по
документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.





