Министерството за образование и наука за првпат годинава доделува стипендии за студентите запишани на студиите за македонски јазик и книжевност. Горди сме на македонскиот јазик со сета своја посебност, а огромен придонес за тоа има Блаже Конески, чие раѓање го одбележуваме денес, пишува на Фејсбук страната на министерката за образование и наука, Мила Царовска.
„Конески е еден од најзначајните учесници во процесот на кодификацијата на македонскиот јазик. Благодарение токму на неговото огромно творештво со трајни вредности денес македонскиот јазик е дел од светските јазици.
Да продолжиме да го чуваме и негуваме македонскиот јазик и ликот и делото на Конески“, пишува на Фејсбук страната на Царовска.