ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува директната комуникација со засегнатите страни и локалните заедници до усогласување по предлог Закон за Шар Планина

December 19, 2020 12:44
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По истекувањето на рокот за писмени и усни забелешки по Нацрт Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, МЖСПП пристапи кон анализа на коментарите од јавноста и нова серија на директни средби со засегнатите страни заради ревизија и усогласување на предлогот.

На барање на министерот Нуредини, експертскиот тим составен од стручни лица од МЖСПП, експерти кои ја изработуваа Студијата за валоризација, претставници на UNEP и тимот од Меѓународната Унија за конзервација на природата (IUCN), кој е задолжен за изработката на Планот за управување на идното подрачје, во континуитет преземаат теренски активности и во директни преговори со засегнатите страни ги разгледуваат и решаваат прашањата од Нацрт законот кои се  од интерес на локалното население, активните стопански субјекти во подрачјето, како и пошироката јавност.

Со најкритичните засегнати страни се одржаа и втор круг на средби, со кои веќе се приближија ставовите по спорните прашања.

При теренските активности, конструктивни состаноци и заеднички увиди се спроведени и со градоначалниците и стручните лица на општините Теарце, Врапчиште, Боговиње, ЈП Национални шуми, секторите за ловство, води и шумарство на МЗШВ, ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје и Електрани на Македонија (ЕСМ).

Разговарано е за прашањата кои ќе треба да бидат адресирани во ревидираната верзија на Нацрт законот, како и начинот на вклучување на засегнатите страни и потребите на локалното население во Планот за управување на идниот НП Шар Планина, каде подетално се утврдуваат забранетите и дозволени активности во подрачјето.

Заеднички е ставот дека е неопходно дополнително информирање на населението за тоа што ќе значи за нив прогласувањето на Шара за национален парк и можностите за социоекономски развој, подобрување на инфраструктурата – водоснабдување, комунални услуги, патна инфраструктура,  можностите за развој на локалната економија преку развој на туризмот и туристичките услуги, но и можностите што се отвараат за користење на меѓународни фондови.

За таа цел, експертскиот тим и високите претставници на МЖСПП ќе ја продолжат директната комуникација со засегнатите страни и локалните заедници се до финализирањето на усогласениот предлог Закон за прогласување на Шар планина за национален парк.

Next Post

Заев во Битола: Се грижиме за драгоценото наследство, Офицерскиот дом блеснува во стариот сјај

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk