Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на тв 24 посочи дека се е подготвено за претстојниот попис во април.
„Најоптималното решение беше до крајот на октомври, но тоа не значи дека нема време. За оваа операција се предвидени средства од буџетот. Набавена е целата опрема, исто како и софтверското решение. Нам најважно ни е спроведувањето на терен. Колку подобра обука за оние кои ќе го спроведуваат пописот, толку поквалитетен опис“, истакна Симовски.