ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Во Северна Македонија нема учебник во кој се тврди дека постојат само три раси: Македониди, Монголоиди и Негриди

December 21, 2020 21:51
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот европатеник и заменик претседател на ВМРО – Бугарско национално движење Aнгел Џамбаски на својот официјален Фејсбук профил објави статус со следната содржина:

„Графичко учебно помагало за македонските соросоиди од Шишман, кои сакаат да ја пуштиме Република Северна Македонија во ЕУ веднаш и без никакви услови. Ова е скопски учебник. Како ли гледаат на оваа расна теорија нивните работодавачи во странските амбасади?“

„Вистиномер“ се обрати до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за официјален одговор, дали во образовната програма за кое било одделение од основното образование, или за која било година од средното образование, во употреба е учебник со ваква содржина. Забележавме дека изјавата на европратеникот Џамбаски е поткрепена со фотографија од наводниот учебник, од која што е очигледно дека текстот е напишан и на германски јазик и на македонски јазик. Спорното тврдење илустрирано на оваа фотографија е дека „има само три крвни групи и три раси: Македониди, Монголоиди и Негриди, а сите други се Мулати“.
Од Министерството за образование и наука се децидни:
Не постои учебник со ваква содржина, напишан на македонски и на германски јазик, којшто е во употреба во образовната програма за основно или за средно образование.
Со дополнително истражување тимот на „Вистиномер“ утврди дека книгата која бугарскиот европратеник Џамбаски ја квалификува како учебник, всушност, претставува приватна публикација, односно книга на авторите Ристо Поповски и Ангелина Маркус, насловена како ,,Филип втори Македонецот”.

Книгата е во издание на Едиција Клеа, испечатена во 2008 година во 1.000 примероци. Како што е наведено во онлајн изданието достапно за преземање во ПДФ формат, книгата е спонзорирана од Жан Митрев и Кардиохирургија Филип Втори. На 28-та страница од книгата може да се најде илустрацијата заедно со тврдењето дека има само три крвни групи и три раси, Македониди Монголоиди и Негриди.

 

 

Во неговиот пост, со кој дезинформира за содржините од учебниците во Северна Македонија, бугарскиот европратеник Џамбаски го користи терминот „соросоиди“ за лицата кои се противат на одлуката на Владата на Република Бугарија да го попречи влегувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија. Организацијата на Евреите од Бугарија „Шалом“ во август предупреди таквите случаи се форма на говор на омраза – антисемитизам, додека во Република Северна Македонија стручњаци за човекови права укажуваат дека според стандардите на Советот на Европа користењето на тој термин е дискриминација.

Оттука, изјавата на бугарскиот европратеник Џамбаски ја оценуваме како невистинита, затоа што книгата не е во официјална употреба во македонскиот образовен систем и уште помалку претставува ,,учебник”, како што тврди тој. Кога се споменува зборот учебник, тоа значи применета литература во официјалниот образовен систем на земјата, што со оваа приватна публикација не е случај.

Извор: Вистиномер

Next Post

Разрешен актерот Висар Вишка од директорското место од театарот во Гостивар, инспекцијата утврдила неправилности

Shortcut

Најново

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026
Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk