ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

Посетата на претседателката на Европската комисија е во момент кога проширувањето повторно забрзува со четири држави, но Северна Македонија останува на перонот. Брисел подготвува промени во начинот на функционирање на идната проширена Унија, но од досега објавените документи не произлегува дека условот за уставните измени е тргнат од масата.

September 29, 2026 11:50
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен доаѓа во Скопје на 2 октомври, на крајот од турнејата низ Западниот Балкан што започнува во Тирана, а продолжува во Приштина и Подгорица. Европската комисија официјално најави дека во фокусот ќе бидат следните чекори на земјите кон Европската Унија и нивната постепена интеграција, поддржана преку Планот за раст. Во Скопје Фон дер Лајен треба да се сретне со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.

Оваа посета е повеќе од протоколарна. Таа доаѓа во момент кога проширувањето на ЕУ се забрзува, а Северна Македонија не се помрднува. Во јули Унијата одржа пристапни конференции со Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија. Украина и Молдавија отворија нов кластер, Црна Гора затвори уште две поглавја, а Албанија три.

За Скопје, пак, клучниот политички услов останува непроменет. Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во јуни беше експлицитен дека усвојувањето на договорените уставни измени е неопходниот следен чекор за процесот да продолжи. Условот произлегува од рамката договорена во 2022 година и се однесува, меѓу другото, на внесувањето на Бугарите во Уставот.

Очекувањата дека Фон дер Лајен може да донесе некаква „нова формула“ за спорот со Бугарија немаат основа. Македонската влада може да бара поголема европска вклученост и гаранции, но во јавно достапните документи на ЕУ досега нема сигнал дека договорената преговарачка рамка е заменета со друга.

Затоа, разните домашните политички и медиумки интерпретации немаат врска со фактичката состојба до овој момент. Имено, ЕУ навистина разгледува промени во сопственото одлучување пред следното проширување, но не е точно дека веќе е усвоено правило според кое преговарачките поглавја ќе се отвораат и затвораат со квалификувано мнозинство. Комисијата со СООПШТЕНИЕ ОД КОМИСИЈАТА ДО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ И СОВЕТОТ во врска со реформите пред проширувањето и прегледите на политиките, уште во март 2024 година предложи да се разгледа квалификувано мнозинство за одредени меѓучекори. Истиот документ експлицитно наведува дека затворањето на поглавјата и конечната одлука за членство треба да останат предмет на едногласност.

Впрочем, принципот на постепената интеграција пред членството за земјава е сосема е применлива, па и пожелна. Гледано од аспект на финансии, веќе се исплатени 142,1 милиони евра преку Реформскиот и растечкиот инструмент на ЕУ, а исплатите се условени со конкретни реформи.

Исто така, Северна Македонија веќе не чека да влезе во СЕПА, како што се наведува во некои домашни извори. Таа влезе во географскиот опфат во март 2025 година, а македонски банки се приклучија кон системот СЕПА во октомври.

Значи, останува отворено „само“ прашањето како земјата ќе излезе од политичкиот ќорсокак додека другите земји кандидати веќе се отидени многу напред.

Пред речиси две недели ЦИВИЛ МЕДИА праша со какви конкретни предлози Владата се подготвува за посетата и како американската дипломатска агенда се поврзува со деблокирањето на европскиот пат. Три дена пред доаѓањето на Фон дер Лајен, тоа прашање останува неодговорено.

ЦИВИЛ МЕДИА

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk