ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026 17:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски од партиската говорница во Брвеница на митингот вчера, повторно ја претстави економската состојба како поволна преку две бројки: инфлацијата во Северна Македонија е пониска од европската, а БДП во вториот квартал пораснал за 4,3 проценти. Самите бројки се во голема мера точни. Проблемот е нивната интерпретација, анализира ЦИВИЛ МЕДИА.

Во август годишната инфлација во Северна Македонија изнесувала 2,6 проценти, според Државниот завод за статистика. Во Европската Унија таа изнесувала 3,2 проценти.

Но од тоа не следи дека граѓаните во Северна Македонија се помалку погодени од високите цени отколку граѓаните во ЕУ.

Инфлацијата не го мери нивото на цените, туку брзината со која тие се менуваат.

Ако производ кој пред неколку години чинел 100 денари веќе поскапел на 140 денари, инфлација од 2,6 проценти не значи дека цената се враќа надолу. Таа значи дека новото, веќе повисоко ниво продолжува да расте, само побавно.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Затоа тезата дека „инфлацијата е пониска од европската“ не може да се користи како доказ дека животниот стандард е подобар или дека ценовниот проблем е решен.

Уште поважно е со колкав доход граѓаните ги плаќаат тие цени. Евростат покажува дека ценовното ниво во Северна Македонија е пониско од просекот на ЕУ, но разликата кај храната е многу помала од разликата во економската моќ. Во 2025 година храната и безалкохолните пијалаци во земјата биле на околу 74 проценти од просечното ценовно ниво на ЕУ.

Со други зборови, храната не е „четири или пет пати поевтина“ затоа што приходите се многу пониски.

Последниот податок на ДЗС покажува просечна нето-плата од 48.499 денари во јули. Реално, по пресметување на инфлацијата, платата била за 4,7 проценти повисока од јули минатата година. Тоа е позитивен показател, но просечната плата не кажува колку заработуваат домаќинствата под просекот, ниту колкав дел од нивниот доход оди за храна, домување и енергија.

Дури и августовските податоци покажуваат дека притисокот врз секојдневната потрошувачка не исчезнал. За само еден месец храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за уште 0,5 проценти, а домувањето, водата, електричната енергија, гасот и другите горива за 0,2 проценти.

Слично е и со БДП.

Растот од 4,3 проценти во вториот квартал е официјален податок и несомнено е позитивен. Но владината презентација ја остава настрана структурата на тој раст. Најголемиот скок е во градежништвото, дури 21,9 проценти. Сезонски и календарски приспособениот раст на целата економија е 4 проценти, а растот во однос на претходниот квартал е 1,3 проценти.

Оттука, ниту растот на БДП од 4,3 проценти значи дека платите пораснале за 4,3 проценти, ниту дека секое домаќинство располага со 4,3 проценти повеќе пари.

Всушност, самиот Мицкоски во Брвеница призна дека растот допрва треба „повеќе да се почувствува“ во платите и семејните буџети.

Тука е слабоста на владината економска порака. Да не речеме манипулацијата.

Пониска инфлација од ЕУ е добар показател за моменталната динамика на цените. Раст од 4,3 проценти е добар показател за економската активност. Но ниту едното ниту другото не е доказ дека Северна Македонија има подобра економска положба од ЕУ, дека високите цени се надминати или дека растот подеднакво стигнал до семејните буџети.

Бројките се точни. Заклучокот што им се додава е она што бара многу повеќе контекст.

ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk