ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Епидемијата се стабилизира, да празнуваме одговорно во периодот пред нас (ВИДЕО)

December 22, 2020 15:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за состојбата со ковид-19 вирусот, капацитетите со слободни кревети во јавно-здравствените установи, тестирањата и информации околу денешната посета во Софија, Република Бугарија за донација на вакцини против ковид-19.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје и оваа недела продолжува падот на сите бројки и индикатори кои ги следи институтот во целиот овој изминат период.

„Имаме намалување за 16,9% на новозаболени во последните 7 дена, процентот на позитивни од тестирани лица бележи пад за цели 5% колку што бележи пад и процентот на починати лица. Се намалува бројот на пациенти кои се хоспитализираат во болниците. Анализата за последните две недели покажува дека се намалува бројот на хоспитализирани пациенти и во скопските болници и клиники, како и во болниците низ државата. Во првата недела од декември имало 890 хоспитализирани пациенти, денеска бројката е 629“, потенцираше Филипче.

Во Прилеп, Охрид Куманово и Струмица денес бројот на хоспитализрани пациенти е значително помал во однос на почетокот на декември. И во ковид центрите во Скопје, има константна и стабилна бројка на приеми со тенденција на намалување.

Во однос на тестирањето, има се повеќе слободни термини за тестирање за Ковид 19, притисокот се намалува.

„Во втората и третата недела од декември намален е и бројот на тестирања, како во државните така и во приватните лаборатории.

Ако во целокупниот изминат период просекот на исполнување на термините беше истиот ден кога тие ќе беа објавени, сега и во текот на истиот ден има термини кои се слободни, односно не закажани. Во анализата за втората и третата недела од декември се забележува дека државните лаборатории спроведуваат за приближно 100% повеќе тестови од приватните лаборатории, а воедно се забележува и зголемување на бројот на тестови секоја недела во државните лаборатории“, рече Филипче.

Утрово, министерот Филипче беше во посета на Република Бугарија каде присуствуваше на владината седница на покана на премиерот Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов.

„Ние интензивно разговаравме изминатите неколку недели. Имаме добри вести, а тоа е дека Бугарија како донација ќе оддели слободна количина на вакцини од секоја количина којашто таа ќе почне да ја добива преку сите форми на договори коишто ги направиле со компаниите. Изразив голема благодарност. Истакнавме заеднички дека оваа криза ја поттикна и солидарноста, и покажа и докажа дека само заеднички можеме да ги решаваме проблемите и да ги надминеме сите предизвици. Покрај Бугарија која на овој начин даде поддршка, таква најава имаме и од Грција и Полска“, информираше Филипче.

Тој, упати и апел за почитување на мерките за спречување на ширењето на ковид-19 вирусот.

„Пред нас следи многу убав период околу новогодишните празници, меѓутоа ние имаме многу тешка година зад нас и искрено верувам дека следната ќе биде многу подобра. Сакам да апелирам да во вакви услови, ситуација кога епидемијата сериозно спласнува и се стабилизира, да не направиме ништо да истата сега се влоши. Апелирам да се празнува одговорно, во кругот на семејството, без групирање, со почитување на јасно пропишаните протоколи и мерки. Се покажа дека сите овие досегашни протоколи и мерки беа добро димензионирани и го дадоа резултатот, како што се очекуваше. Тие се димензионирани така да не се спречи слободното движење и работа имајќи предвид колку е тоа тешко за сите нас. Апелирам во следните две до три недели сите да бидеме крајно внимателни. Има некои позитивни придвижувања, ќе видиме дали е тоа почеток на крајот на епидемијата и затоа не смееме да ризикуваме уште еден силен бран“, истакна Филипче.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Во тек е исплатата на еднократната финансиска помош 6.000 денари за 283 илјади граѓани

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk