ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Милевски: Гостивар, Маврово и Попова Шапка добија три ПИП- Центри за туристички развој

December 22, 2020 14:13
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Три паметни инфо и промо центри (ПИПЦ) во вредност од 6.437.054  денари се опремени во рамки на Полошкиот плански регион со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, кои ќе овозможат во иднина полесен пристап до информации и развој на туризмот во овој регион, зголемување на вработувањата како и инвестициите рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Воспоставувањето на трите нови, вмрежени ПИП Центри се готови и ќе бидат во функција во Гостивар, Маврово и Попова Шапка, кои што ќе работат и нудат услуги засновани на централна дигитална платформа, базирана на стандардизирани работни процеси и ефективно ќе собира податоци за однесувањето и преференциите на туристите, трансформирајќи ги во информации и знаење за ефикасно опслужување на туристите, појасни Милевски.

Според него најуспешен начин за подобрување на туристичката понуда е директна, лице-в-лице комуникација со туристите. Ова би се постигнало преку вкрстување на расположливите податоци и информации од сите канали на комуникација, како и преку дигитална платформа која овозможува размена на податоци во реално време за посетителите на туристичкото место. Проектот директно засега околу 176 илјади граѓани од овој регион.

– Како дел од проектот беше изградба и опремување на три ПИП Центри кои се поврзуваат со Дигитална платформа, која би била ажурирана со најнови релевантни податоци за туристички, авантуристички, угостителски, хотелски, музејски и сличен вид податоци, придружени со маркетинг и промотивни материјал и достапни во Центрите, како и обуки за опслужување, односи и комуникација на службениците кои ќе бидат вработени во центрите, рече Милевски.

Тој предвидува дека со овој проект ќе се зголеми бројот на инвестиции преку стартап иницијативи за околу 6 проценти од вкупната туристичка понуда, зголемување на вработувањата во регионот за 1-2 проценти во првите 18 месеци, како и зголемување на бројот на туристи до 12 проценти, информираат од Министерството за локална самоуправа.

Next Post

(ВИДЕО) Актерката Димковска за Иницијативата „Обединети во различноста“: Мора да застанеме храбро и борбено во одбрана на различностите

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk