ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Единствена алтернатива е членство во ЕУ не ни треба бај-пас решенија, Филипче на седница на бугарската влада, Бугарија ќе ни донира дел од нивната пратка за вакцини

December 22, 2020 12:06
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Не ни требаат бај-пас решенија за членството во ЕУ кое е наша единствена алтернатива. Иако Унијата испрати лош сигнал, земјава останува посветена на реформите. Подготвени сме за почеток на преговорите и нема сомневање дека секое нивно одложување би било грешка, уште еднаш потврди македонскиот државен врв.

Воведувањето на наставниот предмет општествени науки, велат од МОН, не значи дека се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него стануваат задолжителен дел од интегрираната наставна програма.

Проблемите на потрошувачите и правната рамка за заштита на нивните лични податоци преку примери од пракса, ќе бидат темите на денешната трибина „Заштита на правата поврзани со личните податоци на потрошувачите“.

Вкупно 29 занаетчии од регионалната Занаетчиска комора Куманово беа субвенционирани во рамките на Јавниот повик објавен од страна на Министерството за економија, во рамките на мерките за поддршка на занаетчиите за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, соопштија денеска од Министерството за економија.

Во 2021 година вакцината против Ковид ќе биде вредна како течно злато, а мафијата и другите организирани криминални групи се подготвени илегално да се вклучат во овој бизнис, изјави шефот на Интерпол, Јирген Сток.

Министерството за здравство, информира дека министерот Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство проф. Костадин Ангелов денеска ќе присуствува на седница на владата на Република Бугарија.

Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид 19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше и министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Истражување: „Пандемија или инфодемија? Критичкото мислење и теориите на заговор во време на пандемија”. Истражувањето дава придонес кон корпусот знаење што го имаме како општество за феноменот на дезинформациите и лажните вести.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 40 оздравени пациенти.

ФРОНТ: Образовна реформа „од заседа“? – пишува Сашо Орданоски.

Новиот вид на коронавирусот откриен во Велика Британија, што брзо се шири, „не е вон контрола“, соопшти денеска Светска здравствена организација повикувајќи да се преименуваат досегашните проверени мерки.

Ниту еден народ не би прифатил да преговара за тоа што го бара Бугарија, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во вечерашното издание на дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21, додавајќи дека спорните точки со Софија се околу идентитетот и историјата.

Ј. Ѓ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

фото: МИА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

June 18, 2025

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

June 18, 2025

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk