Денеска претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со децата од театарската група „Ветерница“ беа на предновогодишна посета на производствените погони на фабриката за чоколадо, бонбони, вафли и локум „АД Европа“, известуваат владини извори.
„Во овој период од годината, изминатите години секогаш заедно, со што поголем број деца се дружевме и се гушкавме посакувајќи си здравје, среќно детство и исполнување на сите желби.
Годинава нè затекна сите во сосема поинакви услови, и поради пандемијата од корона вирусот не можеме со повеќе дечиња да ја посетиме фабриката за кондиторски производи АД „Европа“.
Но, затоа Владата обезбеди новогодишни подароци за сите 126 деца кои живеат во 23 групни домови низ државата, како и во Дневниот центар за деца на улица и Прифатен центар за бездомни деца. Подароците содржат и книги, боенки, сликовници, кои ќе им бидат доставени на нивните адреси.
Денеска заедно со децата од театарската група „Ветерница“, во фабриката за чоколади, кои се најомилени, поминавме еден прекрасен дел од денот, кој нè наполни со енергија.
Овие креативни деца се дел од нашиот најголем, највреден потенцијал за кој навистина вреди да се создава.Како Влада посветени сме на поттикнувањето и развивањето на децата, да им дадеме слобода за правилно изразување на нивните способности, чувства, креативност, снаодливост, да ги оспособиме за донесување на храбри одлуки во животот. Едноставно да одат низ животот самоуверено и сигурно.
Врз основа на европски стандарди воспоставени овде дома, во образованието, науката, социјалата. Само така ќе имаме вистински млади луѓе кои подоцна ќе бидат вредни работници, кои ќе донесат просперитет и благосостојба за себе и за другите.
Се наоѓаме во „Европа“. Домашна компанија која постои еден век, поточно од 1882 година. Насочена е кон постигнување на современите трендови и во потрага за остварување на најдобрите практики, со почитување на највисоките стандарди на купувачите. Прерасна во модерна фабрика за производство на чоколади, бонбони, вафли и локум, постојано ребрендирајќи ги сите свои производи, следејќи ги модерните и највисоки технологии за производство и иновации.
Ја користам приликата да им го честитам новиот бренд, кој го носи името на годината на основањето „1882“ а тоа е „Премиум чоколадото“ со врвни состојки.Ориентирана кон вистинските, европски вредности, однесувајќи се општествено одговорно, оваа компанија покажа грижа и соработка и кон вработените, приклучувајќи се кон иницијативата за скратено работно време за родителите со породилно искуство.





