ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев со децата од театарската група „Ветерница“: Домашниот бренд „Европа“ е нашата Европа дома

December 23, 2020 16:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со децата од театарската група „Ветерница“ беа на предновогодишна посета на производствените погони на фабриката за чоколадо, бонбони, вафли и локум „АД Европа“,  известуваат владини извори.

„Во овој период од годината, изминатите години секогаш заедно, со што поголем број деца се дружевме и се гушкавме посакувајќи си здравје, среќно детство и исполнување на сите желби.
Годинава нè затекна сите во сосема поинакви услови, и поради пандемијата од корона вирусот не можеме со повеќе дечиња да ја посетиме фабриката за кондиторски производи АД „Европа“.

Но, затоа Владата обезбеди новогодишни подароци за сите 126 деца кои живеат во 23 групни домови низ државата, како и во Дневниот центар за деца на улица и Прифатен центар за бездомни деца. Подароците содржат и книги, боенки, сликовници, кои ќе им бидат доставени на нивните адреси.
Денеска заедно со децата од театарската група „Ветерница“, во фабриката за чоколади, кои се најомилени, поминавме еден прекрасен дел од денот, кој нè наполни со енергија.

Овие креативни деца се дел од нашиот најголем, највреден потенцијал за кој навистина вреди да се создава.Како Влада посветени сме на поттикнувањето и развивањето на децата, да им дадеме слобода за правилно изразување  на нивните способности,  чувства, креативност, снаодливост, да ги оспособиме за донесување на храбри одлуки во животот. Едноставно да одат низ животот самоуверено и сигурно.

Врз основа на европски стандарди воспоставени овде дома, во образованието, науката, социјалата. Само така ќе имаме вистински млади луѓе кои подоцна ќе бидат вредни работници, кои ќе донесат просперитет и благосостојба за себе и за другите.

Се наоѓаме во „Европа“. Домашна компанија која постои еден век, поточно од 1882 година. Насочена е кон постигнување на современите трендови и во потрага за остварување на најдобрите практики, со почитување на највисоките стандарди на купувачите. Прерасна во модерна фабрика за производство на чоколади, бонбони, вафли и локум, постојано ребрендирајќи ги сите свои производи, следејќи ги модерните и највисоки технологии за производство и иновации.

Ја користам приликата да им го честитам новиот бренд, кој го носи името на годината на основањето „1882“ а тоа е „Премиум чоколадото“ со врвни состојки.Ориентирана кон вистинските, европски вредности, однесувајќи се општествено одговорно, оваа компанија покажа грижа и соработка и кон вработените, приклучувајќи се кон иницијативата за скратено работно време за родителите со породилно искуство.

Next Post

Зголемен инспекциски надзор за време на новогодишните празници

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk